Свет
Жена се породила на дрво бегајќи од поплавите
Жена се породила на стебло од манго бегајќи од поплавите во Мозамбик по циклонот Идаи, пренесе Би-би-си.
Самохраната мајка Амелија донесе на свет девојче на кое му го даде името Сарa, додека заедно со двегодишниот син силно се држела за гранката.
Ден подоцна ја спасиле соседите, кога поминала бурата што усмрти 700 луѓе.
„Бев дома со двегодишниот син кога одеднаш без предупредување, водата почна да навлегува во куќата“, изјави Амелија за УНИЦЕФ.
„Немав друг избор освен да се качам на дрво“, додаде таа.
Сличен настан се случи пред 20 години кога на свет дојде бебе кое беше родено на стебло по поплавите во јужниот дел од земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Крит
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC.
Епицентарот се случил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Свет
Израел ги напаѓа јужните предградија на Бејрут
Израелски воздушни напади ги погодија јужните предградија на Бејрут, при што е извршено најинтензивното бомбардирање на либанската престолнина откако Израел ја засили својата воена кампања против поддржаното од Иран – либанско шиитско движење Хезболах.
Во текот на ноќта силни експлозии одекнуваа низ различни делови на Бејрут, а небото беше осветлено со црвени и бели светла, како молњи, кои се гледаа од неколку километри.
Израелската армија соопшти дека нејзините воздушни сили извршиле „серија прецизни удари врз складишта за оружје и терористичка инфраструктура на Хезболах во реонот на Бејрут.“
Либанските власти сè уште не соопштија кои објекти биле погодени и какви штети предизвикале ракетите.
Регион
Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа
Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се случи во Јабланица и во околните населени места.
Според официјалните информации, досега животот го загубиле 18 лица, а по голем број се уште се трага.
Сепак се појави и една добра вест, спасувачите пронашле дете под урнатините на неговата семејна куќа. Успеале да го извлечат и итно бил пренесен во болница.
Момчето било пронајдено под плочата тешка два тона која се срушила одозгора.