Свет
Зад планот за напад на концертот на Тејлор Свифт можно е да стоеле и лица со турско и хрватско потекло
Зад планот за напад на концертот на Тејлор Свифт можно е да стоеле и лица со турско и хрватско потекло, беше истакнато денес по информацијата дека главниот осомничен е 19-годишник родум од Австрија, со родители од Македонија.
Од она што досега е позннато, покрај 19-годишникот, уапсен е и 17-годишник, а осомничени се уште неколку други лица.
„Еден од тројцата што се под полициски надзор има хрватски корени, но е роден во Австрија“, изјавија властите во Виена, пренесе „Индекс“.
„Крон цајтунг“ пишува дека осомниечени се четворица и во моментот се под полициски надзор. Едниот од нив е 17-годишник роден во Австрија со хрватско-турски корени, кој веќе ѝ бил познат на полицијата.
Меѓу нив има и петнаесетгодишник со турско потекло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на Путин, имаат две причини за тоа
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека руските тврдења за наводниот „обид за напад врз резиденцијата на Путин“ се измислени и служат единствено како изговор за нови напади врз Украина и поткопување на мировниот процес.
„Руските манипулации околу наводниот обид за напад врз резиденцијата на Путин беа измислени само од една причина: да се создаде причина и лажно оправдување за понатамошни руски напади врз Украина, како и да се поткопа и наруши мировниот процес“, напиша Сибиха на социјалната мрежа X.
Тој додаде дека тоа е вообичаена руска тактика.
„Вообичаена руска тактика: да се обвини другата страна за она што го прави или планира да го направи“, рече Сибиха.
Украинскиот шеф на дипломатијата, исто така, наведе неколку факти.
„Прво, Русија веќе ја нападна зградата на украинската влада оваа година. Второ, Украина ги таргетира само легитимните воени цели на руска територија, како одговор на руските напади врз Украина. Трето, Русија е агресор, а Украина е земја која е нападната и која се брани во согласност со член 51 од Повелбата на ОН. Не може да има лажна еднаквост помеѓу агресор и земја која се брани“, рече Сибиха.
Конечно, тој ја повика меѓународната заедница да реагира.
„Го повикуваме светот да ги осуди провокативните руски изјави насочени кон попречување на конструктивниот мировен процес. Украина останува посветена на мировните напори предводени од Соединетите Американски Држави, со учество на европските партнери“, рече Андриј Сибиха.
Регион
БиХ го легализира медицинскиот канабис
Босна и Херцеговина денес ја легализираше употребата на канабис, придружувајќи се на голем број земји кои одобрија употреба на ова растение за ублажување на симптомите на сериозни болести, објави Министерството за граѓански работи на Босна и Херцеговина.
Советот на министри на БиХ ги измени прописите за наркотични дроги, преместувајќи го канабисот од категоријата забранети супстанции во категоријата супстанции под строга контрола, со што го хармонизираше законодавството со меѓународните стандарди. Оваа промена следеше по препораките на Комисијата на Обединетите нации за наркотични дроги и Светската здравствена организација, кои во 2020 година го сместија канабисот во категоријата супстанции со признати медицински својства.
Според новата регулатива, производството, трговијата и поседувањето канабис ќе бидат дозволени само во форма на фармацевтски препарати со лекарски рецепт, а Агенцијата за лекови и медицински помагала на Босна и Херцеговина ќе биде одговорна за надзор на целиот процес, од увоз до употреба од страна на пациентите.
Оваа мерка не значи либерализација на пазарот, туку воспоставување јасна, безбедна и надгледувана рамка за медицинска употреба на канабис.
Иако медицинската употреба на канабис досега беше забранета во Босна и Херцеговина, препаратите што содржат канабиноиди често се продаваа на нелегалниот пазар, без следење на квалитетот и безбедноста.
Одлуката доаѓа по повеќе од една деценија административен процес и усогласување со меѓународните препораки. Босна и Херцеговина сега го следи примерот на други земји каде што лековите базирани на канабис веќе се дозволени за ублажување на симптомите на болести како што се мултиплекс склероза, рак, СИДА и епилепсија.
фото/депозитфотос
Свет
Кремљ: Путин му кажал на Трамп дека го менува својот став по нападот со беспилотни летала
Рускиот претседател Владимир Путин му кажал на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија го преиспитува својот став за мировниот договор по наводниот напад со беспилотни летала врз претседателската резиденција, соопшти Кремљ.
Според Кремљ, Путин го информирал Трамп за нападот за време на денешниот телефонски разговор и му рекол дека токму овој инцидент довел до промена на ставот на Русија во мировните преговори.
Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека Путин нагласил дека Русија сè уште сака да соработува со САД за мировен договор, но дека нападот ја принудил Москва да ја ревидира својата преговарачка позиција.

