Свет
Заменик-градоначалникот на Мариупол: Не знам дали моите родители се живи, ни треба уште оружје
Заменик-градоначалникот на Мариупол Сергеј Орлов изјави за Sky News дека украинската армија е многу силна и храбра и може да ја брани Украина и дека се надева дека ќе успее.
„ Апсолутно сум сигурен дека ќе дадам се од себе, дека ќе се бори до последниот куршум за да го заштити Мариупол“ – рече Орлов, додавајќи дека Украина нема оружје за да го заштити својот народ од воздушни напади.
"The situation is awful."
Deputy Mayor of Mariupol Sergei Orlov says the humanitarian situation "decreases hour-by-hour, second-by-second", and says in some districts there are "street battles" with Russian troops.
Latest on the war in Ukraine: https://t.co/cz5NTcz9E4 pic.twitter.com/FvTNVXCPhK
— Sky News (@SkyNews) March 11, 2022
„Осум различни авиони го бомбардираа градот и го срамнија со земја во текот на ноќта. Целосно ја уништија нашата најголема фабрика за челик, таа повеќе не постои, ги уништуваат сите згради околу неа, ни треба повеќе оружје за да ги заштитиме нашите жени, нашите деца, возрасните, од воздушни напади“ – рече Орлов.
Тој додаде дека осум дена не бил во контакт со родителите и братот и дека не знае дали се живи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиен маж кој го палеше Куранот во Шведска: Ликвидацијата пренесена во живо на социјалните мрежи
Салван Момика, познат по палењето на Куранот и обвинет за поттикнување омраза против муслиманите, е убиен во пукање во стан во Седертаље за време на пренос во живо на социјалните мрежи!
Шведската агенција за миграција неодамна го одобри неговото обновување на дозволата за престој бидејќи бил изложен на ризик од тортура во неговата татковина, Ирак.
Салван Момика (38) е убиен синоќа во неговиот стан во Седертаље, објави Афтонбладет.
Повеќе детали се очекуваат наскоро.
Свет
(Видео) Во авионот што се урна во Вашингтон се наоѓале и поранешни светски шампиони во уметничко лизгање
Руските уметнички лизгачи и тренери Евгенија Шишкова и Вадим Наумов биле во авионот на Американ ерлајнс кој се урна во близина на националниот аеродром Реган Вашингтон, јави руската државна новинска агенција ТАСС.
Шишкова и Наумов, кои се во брак од 1995 година, ја освоија светската титула во уметничко лизгање во 1994 година.
Регионален патнички авион на Американ ерлајнс се судри во воздух со хеликоптер на американската армија Блек Хок во близина на националниот аеродром Реган Вашингтон во средата вечерта, по американско време, по што патничкиот авион се урна во реката Потомак.
Свет
Сојузот на уметничко лизгање на САД: Од кампот се враќаа спортистите и тренерите
Сојузот на уметничко лизгање на Соединетите Американски Држави потврди дека во патничкиот авион имало неколку членови на заедницата за лизгање.
„Овие спортисти, тренери и членови на семејствата се враќаа дома од Националниот развоен камп што се одржа како дел од првенството на САД во уметничко лизгање во Вичита, Канзас“, се вели во соопштението.
„Ние сме уништени од оваа неискажлива трагедија и ги држиме блиску до нашите срца семејствата на жртвите. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и ќе објавиме повеќе информации кога ќе станат достапни“, се додава во соопштението.
Најмалку 19 тела се пронајдени
Властите пронајдоа најмалку 19 тела, изјави за Си-Би-Ес њуз извор од органите за спроведување на законот запознаен со истрагата.