Свет
Захарова: Без помошта на Западот, режимот на Зеленски не би издржал ниту еден ден

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска на прес-конференција го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека прави „сè што диктира Западот“ и со тоа „продолжува со воените операции до последниот Украинец“.
„Зеленски е подготвен да ги жртвува животите на своите граѓани сè додека пристигнува финансиска и воена помош од Западот. Без неа, властите во Киев нема да издржат ниту еден ден“, рече таа.
💬#Zakharova: @ZelenskyyUa regime does everything that West dictates, continuing military operations "to the last Ukrainian."
He is ready to sacrifice lives of his citizens, as long as financial & mil. assistance does not stop, without which Kiev authorities will not last a day pic.twitter.com/CbNn36lWze
— MFA Russia 🇷🇺 (@mfa_russia) November 24, 2022
Според анкетите на јавното мислење, огромното мнозинство Украинци го поддржуваат начинот на кој Зеленски ја води Украина од почетокот на руската инвазија, пренесе Индекс.хр.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.