Свет
Захарова: Протерувањето на руските дипломати од ОН е ескалација на односите предизвикани од Вашингтон
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија жали за протерувањето на 12 руски дипломати од ОН.
САД протераа 12 руски дипломати од Обединетите нации поради загриженост за националната безбедност, соопштија американски и руски дипломати.
Захарова истакнува дека Русите овој чин го сметаат за намерна и цинична ескалација на односите меѓу Русија и САД.
„Протерувањето 12 дипломати од ОН го сметаме за намерна и цинична ескалација на руско-американските односи, што беше провоцирано од Вашингтон со кршење на неговите обврски“, напиша Захарова.
Таа порача дека САД нема да останат без соодветен одговор.
?#Zakharova: We regard the expulsion of 12 diplomats from @RussiaUN as a deliberate and cynical escalation in #RussiaUS relations provoked by Washington in violation of its obligations.
☝️ It will not remain without a proper response.
? https://t.co/Q14Ed7kSGl pic.twitter.com/Y0ORRdH7BD
— MFA Russia ?? (@mfa_russia) March 2, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Не мачеа на сите начини, вклучително и со струја“, вели ослободен палестински затвореник
По денешното ослободување на 183 палестински затвореници од затворите во Израел во размена за тројца израелски заробеници, многумина прозборуваа за голготата низ која минале.
Ослободениот Палестинец Ибрахим Мухамед Калил Ал-Шавиш ја опиша тортурата во израелските затвори. Разговараше со новинарите в болница, веднаш по ослободувањето, додека лекарите констатираа видливи знаци на тортура по неговото тело.
„Се користеа сите форми на тортура против нас, вклучително и струја. Струјата се применуваше на чувствителните области. Тие користеа ментална и физичка тортура – сè. Повторно се родив, фала му на Бога. Денес е ново раѓање, нов почеток”, изјави Ал-Шавиш на новинарите.
Два автобуса со ослободени затвореници пристигнаа во Европската болница во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа преку преминот Карам Абу Салем по нивното ослободување од израелските затвори, објави Канцеларијата за информации за затворениците на Хамас.
Свет
По 491 ден заробеништво, Хамас ослободи тројца Израелци во замена за 183 палестински затвореници
Хамас ослободи тројца израелски заложници во Газа во замена за 183 палестински затвореници ослободени од Израел утрово.
Тројцата заложници – Ели Шараби, Охад Бен Ами и Ор Леви – беа предадени на Црвениот крст.
Охад Бен Ами и Ели Шараби беа земени како заложници од Кибуц Беери за време на прекуграничниот напад на 7 октомври 2023 година, предводен од Хамас, а Ор Леви беше киднапиран од музичкиот фестивал Нова истиот ден.
Израелските медиуми пренесуваат голема загриженост за здравјето на тројцата ослободен заложници оти се вратиле испиени и со видно намалена телесна тежина.
И на ослободените палестински затвореници, кое беа пречекани со прослава во Рамала, на окупираниот Западен Брег, нивни претставници соопштија дека им е потребна медицинска помош.
Од почетокот на прекинот на огнот на 19 јануари досега се ослободени 21 заложник и 566 затвореници.
До крајот на првата фаза од прекинот на огнот, кој ќе трае уште три недели, се очекува да бидат ослободени 33 заложници и 1.900 затвореници. Израел тврди дека осум од тие 33 лица се мртви.
Регион
Инцидент на српскиот претседател Вучиќ: се откачи тркало на автомобилот со кој патуваше, се проверува дали пукнала гумата
Патувајќи кон Мокрин, на север од Србија, на претседателот Александар Вучиќ му се случи инцидент, јавуваат српските медиуми. Се откачило едно од тркалата на автомобилот со кој патувал. Тој бил пренесен во друг автомобил, а посебна истрага која е во тек, треба да покаже што се случило.
„По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големиот собир во Кикинда и на пат бев со мојот автомобил, а ќе ви дадам неколку објаснувања. Значи, дали пукна гумата, тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го утврдат тоа. Пристигнав во Мокрин и се префрлив во друг автомобил“, рече претседателот Вичиќ по инцидентот со тркалото.