Свет
Захарова со критики до Софија: Бугарија ја преправа историјата!

Со тврдењето дека Црвената армија донела наводна репресија, Бугарија ја преработува историјата и ваквиот став на Софија укажува на злокобен тренд, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во интервју за ТАСС на маргините на Источниот економски форум во петокот.
„Свесни сме дека секоја земја има свои политички преференци и трендови“, рече таа коментирајќи ја изјавата на бугарското Министерство за надворешни работи.
„Имајќи предвид дека изјавата беше официјална, нашата амбасада реагира на истиот начин. Отворено зборувавме за неприфатливоста на искривоколчувањето на историјата. Тоа е апсолутно јасен показател дека Бугарија ја преправа историјата. Тоа е опасен тренд бидејќи е нелегитимен“, истакна Захарова.
Во вторникот бугарското Министерство за надворешни работи издаде официјална изјава во пресрет на изложбата што ја одржа Рускиот културен и информативен центар во Софија, која е посветена на 75-годишнината од ослободувањето на Источна Европа од нацизмот.
Во изјавата, пред сè, се истакнува дека штитовите на Советската армија донеле половина век репресија задушувајќи ја граѓанската совест кај луѓето од Централна и Источна Европа заедно со деформираниот економски развој и изолација од процесите што се одвиваа во развиените европски држави“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека верува оти сè оди кон средба на Русија и Украина на преговарачка маса во четврток.
„Мислам дека од таа средба можат да произлезат добри работи“, рече Трамп на настан во Белата куќа, објави Ројтерс.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови, кои беа прекинати во 2022 година, и дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи на разговори во Турција на 15 мај, но само лично со Путин, објави Танјуг.
Свет
Првиот коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа се согласи на директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.
„Нема смисла убиствата да продолжат. И ќе го чекам Путин во Турција во четврток. Лично. Се надевам дека овој пат Русите нема да бараат изговори“, напиша Зеленски, кој повторно спомена дека чека „целосен и траен прекин на огнот“ што почнува денес.
Украинскиот претседател ја даде оваа изјава откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ѝ порача на Украина „веднаш да се согласи“ на разговори бидејќи по нив Западот „барем ќе знае каде стои“, иако самиот изјави дека „почнува да се сомнева“ дека е можен договор со Путин.
„Општо земено, ние сме посветени на сериозна потрага по начини за постигнување долгорочно мирно решение“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Моментално нема потврда дека Путин ќе се појави на разговорите во четврток, но Песков потсети дека Путин „во изјавата во која ги сумираше резултатите од прославата во чест на 80-годишнината од Победата и бројните средби со странски колеги, јасно и недвосмислено го искажа ставот на Москва за продолжување на директните преговори со Киев без никакви предуслови“, анализираат светските медиуми.
„Овој пристап наиде на разбирање и поддршка од лидерите на многу земји, вклучително и партнерите во ЗНД и БРИКС“, додаде Песков.
Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, го повикал Киев веднаш и без никакви услови да учествува на предложениот состанок.
Турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, исто така, ја потврди својата подготвеност да стори сè за да организира преговори во телефонски разговор со Путин, додаде Песков.
Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.