Контакт

Свет

За шведската министерка за надворешни работи, брегзит е ужасна грешка

Објавено пред

Шведската шефица на дипломатија, Марго Валстром, во вторникот ги искритикува политичките лидери на Велика Британија поради лошо раководење со претстојното заминување на Велика Британија од ЕУ, пренесува „Локал“.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи на конференцијата во Шведско-финскиот културен центар во Хелсинки, Валстром ги обвини британските лидери дека лошо управуваат со процесот на брегзит.

„Мислам дека направија страпна историска грешка и навистина создадоа проблем за сите нас. Нашиот политички проект, Европската Унија, неизмерно ќе страда поради тоа и тоа мора да се сфати. Ова се случува поради долгото лошо политичко лидерство во Велика Британија што го видов во сите мои години во Европската комисија. Немаше никој кој би го бранел членството на Британија во ЕУ “, рече Волстром.

Волстром, која беше во Европската комисија во периодот од 1999 до 2010 година, јасно стави до знаење дека лутината ќе остане кога Велика Британија официјално ќе ја напушти ЕУ на 29 март.

„Не можам да им простам за ова”, рече таа.

Свет

Најмалку 15 мртви во израелски напад во Газа, меѓу нив и четворица новинари

Објавено пред

Во израелски напад врз болницата Насер во Газа загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, соопштија денес палестинските здравствени претставници. Меѓу убиените е снимателот Хосам ал-Масри, соработник на Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Официјалните лица изјавија дека Масри е убиен во првиот воздушен напад, додека фотографот Хатем Халед, исто така соработник на Ројтерс, е ранет во вториот напад.

Сведоците за Ројтерс изјавија дека вториот напад се случил откако спасувачите, новинарите и цивилите се собрале на местото на првиот напад.

Здравствените власти во Газа изјавија дека преостанатите тројца убиени новинари се Маријам Абу Дага, Мохамед Салама и Моаз Абу Таха. Меѓу загинатите е и еден спасувач.

Израелската војска и канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху сè уште не дале коментар за нападите врз болниците.

Синдикатот на палестински новинари објави дека повеќе од 240 палестински новинари се убиени во израелските напади во Газа од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Основачот на „Телеграм“: Франција го уништи својот углед како слободна земја

Објавено пред

Основачот на Телеграм, Павел Дуров, изјави дека Франција го уништила својот углед како слободна земја со неговото апсење минатата година.

dobivaj vesti na viber

Дуров беше уапсен на аеродромот во Париз во август 2024 година под обвинение дека им овозможил на криминалци да ја користат неговата апликација за нелегални активности, вклучително и екстремизам и злоупотреба на деца. Рускиот технолошки претприемач подоцна беше ослободен со кауција од 5 милиони евра и му беше дозволено да се врати во Дубаи, каде што живее.

Дуров го опиша своето апсење како „без преседан“ и „правно и логички апсурдно“.

Тој рече дека истрагата не пронашла никакви докази за прекршок, нагласувајќи дека практиките за модерирање на Телеграм ги следеле индустриските стандарди и дека компанијата ги исполнила сите правно обврзувачки барања од француските власти.

Дуров, исто така, тврдеше дека француските истражители ги заобиколиле законските канали на ЕУ кога испратиле барања до платформата, грешка што можеше да се избегне со „едноставно пребарување на постапката на Google или прашување“.

„За жал, единствениот резултат од моето апсење досега е огромна штета на угледот на Франција како слободна земја“, напиша Дуров, додавајќи дека сè уште мора да доаѓа во Париз на секои две недели, без „датум за жалба на повидок“.

Оттогаш, Телеграм ја ажурираше својата политика за приватност за да овозможи собирање метаподатоци, вклучувајќи IP адреси, податоци за уредите и промени на корисничките податоци, до една година, со можност за предавање на надлежните судски органи.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Израел мора да се согласи на договор за ослободување на заложниците, тврди шефот на израелската армија

Објавено пред

Според извештаите на израелските медиуми, началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) изјави дека е на маса договор за ослободување на преостанатите заложници во Газа. Генерал-потполковник Ејал Замир наводно изјавил дека војската создала услови за договор, кој сега е „во рацете на премиерот Бенјамин Нетанјаху“, пишува „Би-би-си њуз“.

dobivaj vesti na viber

Се очекува утре израелскиот кабинет за безбедност да го разгледа најновиот предлог на регионалните медијатори, кој Хамас го прифати минатата недела.

Ситуацијата следуваше по масовните протести низ Израел, каде што стотици илјади луѓе се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната и итен договор за ослободување на заложниците. Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица изјави дека Замир го изразил „она што го бара мнозинството Израелци“, а тоа е враќање на сите 50 преостанати заложници, од кои 20 се наводно живи, и крај на војната.

Групата најави нови масовни протести за вторник.

Детали за предлогот за прекин на огнот

Најновиот предлог, подготвен од медијатори од Египет и од Катар, наводно се базира на рамка презентирана во јуни од американскиот претставник Стив Виткоф. Според планот, Хамас би ослободил речиси половина од заложниците во две фази за време на почетното 60-дневно примирје додека би се воделе преговори за трајно примирје.

Канцеларијата на премиерот Нетанјаху претходно инсистира дека Израел би го прифатил договорот само ако „сите заложници бидат ослободени одеднаш“.

Офанзивата во Газа продолжува
Во меѓувреме, израелската војска ги продолжува своите операции. Во саботата авиони и тенкови бомбардираа делови од градот Газа како дел од планот за освојување на најголемиот урбан центар на територијата. Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го победи Хамас и покрај критиките од меѓународната заедница и наводно од самиот Замир. Според израелските медиуми, Замир се спротивставил на целосна окупација од страв дека тоа ќе ги загрози животите на заложниците и ќе ја турне исцрпената армија подлабоко во Газа.

Планираната офанзива би можела насилно да премести еден милион луѓе од градот Газа во кампови на југ, но Израел сè уште не објавил прецизен распоред за влегувањето на трупите. Според Обединетите нации, најмалку 1,9 милион луѓе во Газа, речиси 90 % од населението, веќе се раселени.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ја цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинство и правото...

Топ1 час

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка...

Македонија3 часа

Активен е еден пожар на територијата на Македонија, два се под контрола, извести ЦУК

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија имало вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е...

Свет4 часа

Виетнам се подготвува за моќен тајфун, ги затвора училиштата и аеродромите

Виетнам ги затвори аеродромите и училиштата и започна масовни евакуации додека се подготвува за најсилната бура оваа година. Се очекува...

Европа4 часа

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет5 часа

Канада е отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа5 часа

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....

Македонија5 часа

На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е...

Македонија15 часа

Вкупно девет пожари на отворен простор, активен еден, а два се под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен,...

Свет16 часа

Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи...

Македонија19 часа

Мицкоски очекува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, приоритет ќе биде хигиената во Скопје

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е...

Топ19 часа

Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија...

Регион22 часа

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе...

Свет23 часа

Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал...

Македонија1 ден

Пратениците се одморија, од утре почнуваат со редовни активности во Собранието

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба...

Свет1 ден

Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој, по...

Македонија2 дена

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат...

Економија2 дена

Македонија е големо градилиште, над 1.200 проекти во општините, велат Перински и Николоски

Во моментов целата Македонија е едно големо градилиште, а само во општините се реализираат повеќе од 1.200 активни проекти поддржани...

Свет2 дена

(Видео) Украинците тешко ранија руски генерал, Абачев изгуби рака и нога по нападот

Украинските специјални сили објавија видео и детали од операцијата во која рускиот генерал-полковник Еседула Абачев беше тешко ранет, јавува „Украинска...

Скопје2 дена

„4 години работа за тебе“: Скопските градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ја заокружија четиригодишната мисија

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе” свое обраќање на панел дискусијата имаа скопските градоначалници. Градоначалникот...