Свет
Зеленски: Војната на Русија против Украина мора да заврши со ослободување на Крим
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим, кој Москва го анектира. „Крим е украински и никогаш нема да се откажеме од него“, рече Зеленски во своето ноќно видеообраќање.
„Црноморскиот Регион не може да биде безбеден сè додека Крим е окупиран“, рече тој. „Нема да има стабилен и траен мир во многу земји на брегот на Средоземното Море сè додека Русија може да го користи нашиот полуостров како своја воена база. Оваа руска војна против Украина и против цела слободна Европа почна со Крим и мора да заврши со Крим – со негово ослободување“, рече Зеленски.
Претходно, во вторникот беа пријавени експлозии во руска воена база на полуостровот на Црното Море, а владата во Киев соопшти дека не е одговорна. „Њујорк тајмс“ објави дека украинската војска нападнала клучна руска воздушна база таму со непознато оружје. Крим е под контрола на Москва откако Русија го анектираш полуостровот во 2014 година, пренесе „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

