Свет
Зеленски: Деокупацијата на Крим нема алтернатива
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/31-зеленски.jpg)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека „деокупацијата“ на Крим нема алтернатива, не само за Украина, туку и за целиот свет.
„Ние сме за светски поредок заснован на конвенциите и Повелбата на ОН, а не на криминални навики на убијци, силувачи и разбојници кои Русија се обидува да ги шири“, рече Зеленски во Киев на ифтар-вечера за време на муслиманскиот месец Рамазан, пренесува Интерфакс Украина.
Според Зеленски, Украина ќе се врати на Крим, а потоа мирот ќе се врати во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Објавени први снимки од Асанж на слобода
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/45954aef-bae5-4296-a8af-24d07cf2245c.jpg)
Џулијан Асанж (52) вчера го напушти затворот со максимална безбедност Белмарш во Велика Британија, откако таму помина 1.901 ден.
Високиот суд во Лондон му одреди кауција, а во текот на попладнето беше пуштен на аеродромот Стенстед, каде што се качи во авион и полета од Велика Британија.
Викиликс го објави првото видео на Асанж по излегувањето од затвор.
„По повеќе од пет години вo ќелија oд 2 на 3 метри, изолиран 23 часа дневно, тој наскоро повторно ќе се соедини со сопругата Стела и нивните деца, кои го познаваат само нивниот татко зад решетки“, објави Викиликс на Икс.
Julian Assange boards flight at London Stansted Airport at 5PM (BST) Monday June 24th. This is for everyone who worked for his freedom: thank you.#FreedJulianAssange pic.twitter.com/Pqp5pBAhSQ
— WikiLeaks (@wikileaks) June 25, 2024
Асанж се согласи да се изјасни за виновен по една точка од обвинението за заговор за добивање и откривање доверливи документи за национална одбрана на САД, според поднесоците во Окружниот суд на САД на Маријанските острови, американска територија во Тихиот Океан.
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, оваа недела треба да се изјасни за виновен за кршење на американските закони за шпионажа, во договор што ќе му стави крај на неговото затворање во Британија и ќе му овозможи да се врати дома во Австралија.
За се проговори и мајката на Асанж. Таа рече дека е „благодарна“ што го видела крајот на судењето на нејзиниот син.
„Благодарна сум што на страдањата на мојот син конечно му се ближи крајот. Ова ја покажува важноста и моќта на тивката дипломатија“, рече Кристин Асанж, пренесува Скај Њуз.
Инаку, Асанж помина седум години во самоизолација во амбасадата на Еквадор во Лондон, пред да биде задржан во затвор со високо обезбедување во Лондон уште пет години.
Свет
Германија: Ние сме крајно загрижени, се заканува целосен конфликт на Блискиот Исток
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/gaza-napadi.jpg)
Германија е крајно загрижена поради порастот на насилството на израелско-либанската граница и зголемениот ризик од целосен регионален конфликт, изјави министерката за надворешни работи Аналена Баербок за време на посетата на регионот на Блискиот Исток.
Говорејќи на безбедносната конференција, Баербок, како пријател на Израел, предупреди дека Тел Авив може да изгуби во војната против Хамас и дека зголемениот гнев поради положбата на цивилите во Газа ја поткопува израелската безбедност.
Се зголемуваат стравувањата дека војната, во која веќе загинаа десетици илјади луѓе во Газа, може да се прошири и во соседните земји.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во неделата навести дека Израел може да премести повеќе војници на север, каде што борбите против проиранската милиција Хезболах ескалираа на границата со Либан.
Хезболах почна да разменува оган со Израел на 8 октомври, еден ден откако неговиот палестински сојузник Хамас, кој владее со Газа, го нападна јужен Израел, што предизвика војна во Појасот Газа. Десетици илјади луѓе избегаа од двете страни на границата.
„Ние сме крајно загрижени поради зголемувањето на насилството на северната граница. Утре ќе го посетам (либанскиот главен град) Бејрут токму поради оваа причина“, рече Баербок.
„Заедно со нашите партнери работиме напорно за да најдеме решенија кои можат да го спречат понатамошното страдање. Ризикот од ненамерна ескалација и сеопфатна војна расте секој ден“.
Германија чувствува историска одговорност кон Израел во нејзината желба да се искупи за геноцидот на европските Евреи во нацистичкиот холокауст, забележува Ројтерс.
Но, како и во другите западни земји, војната во Газа доведе до јавно негодување поради порастот на бројот на убиени Палестинци, кој сега изнесува над 37.600, а владата на германскиот канцелар Олаф Шолц ја заостри реториката за акциите на Израел.
Баербок ја истакна хуманитарната ситуација во Газа, велејќи дека најмалку 17.000 деца таму останале сирачиња или одвоени од своите родители.
Свет
ЕУ ќе ја снабдува Украина со приходите од замрзнатиот руски имот, блокадата на Унгарија е заобиколена
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/677z381_677z381_677z381_borelj-epa-efe-o.m.-nnn.jpg)
Министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург се договорија за правна рамка за користење на приходите од замрзнатиот руски имот за помош на Украина, заобиколувајќи ја унгарската блокада, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Борел рече дека ЕУ нашла начин да ја заобиколи унгарската блокада и дека веќе следната недела ќе испрати 1,4 милијарди евра приходи од замрзнатиот руски имот за да и помогне на Украина со оружје и муниција.
„Законски гледано, бидејќи една земја-членка не учествуваше во одлуката за користење на приходите од замрзнати руски средства, нема право да учествува во одлучувањето за кои цели ќе се користат тие средства. Сега ќе ја забрзаме работата без блокади. “, рече Борел.
Според некои извори, приходот од замрзнатите руски средства би бил проследен до некои земји-членки на ЕУ, кои потоа би го купиле она што и е потребно на Украина и ќе го испорачаат.
Во однос на исплатата на средствата од Европскиот мировен фонд (ЕПФ), Унгарија сè уште блокира 6,6 милијарди евра помош за Украина, бидејќи за тоа е потребен консензус од сите земји-членки.
Меѓутоа, од ова всушност не беше директно оштетена Украина, туку земјите-членки кои ја снабдуваа Украина со оружје и муниција од нивните залихи, а за тоа треба да бидат платени од ЕПФ, вонбуџетски фонд кој има за цел да ја зајакне способноста на ЕУ за спречување на конфликти, градење и зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност.