Свет
Зеленски: За нас, важно е Кина да не ја поддржува Русија, тоа ќе предизвика трета светска војна
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е важно Кина да не ја поддржува Русија бидејќи, додава тој, здружувањето на тие две земји би довело до нова светска војна.
„За нас, важно е Кина да не ја поддржува Русија во оваа војна. Всушност, посакувам Кина да беше на наша страна. Во моментот, сепак, верувам дека тоа не е можно“, изјави Зеленски за германски „Велт“, пренесува „Ројтерс“.
Тој рече дека сè уште гледа можност за прагматичен пристап на Кина кон она што се случува во Украина.
„Ако Кина ги здружи силите со Русија, тоа би било трета светска војна, сигурен сум дека Пекинг е свесен за тоа“, истакна Зеленски, пренесе „Блиц.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски ги критикуваше светските лидери: Разочаран сум што не доаѓаат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска се сретна со американскиот секретар за одбрана во Сингапур, рече дека е разочаран што „одредени светски лидери“ не се обврзале да учествуваат на мировниот самит за Украина во Швајцарија.
Кинескиот претседател, Си Џинпинг, нема да учествува, а колку што е познато нема да учествува ниту американскиот претседател, Џо Бајден.
„Разочарани сме што некои светски лидери сè уште не го потврдија своето учество на мировниот самит“, рече Зеленски, без конкретно да ги спомене Кина или САД.
Зеленски денеска имаше „многу добар“ состанок со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во Сингапур, бидејќи тој се обидува да добие силна поддршка од Западот наспроти рускиот напредок на теренот.
Кина одби да дојде бидејќи Русија не беше поканета
Повеќе од сто земји и организации ветија дека ќе учествуваат на самитот во јуни во Швајцарија, рече Зеленски и ги покани земјите од азиско-пацифичкиот регион да се приклучат.
Кина во петокот рече дека ќе биде „тешко“ да се учествува на овој самит доколку Русија не биде поканета.
Средбата меѓу Зеленски и Остин дојде откако украинскиот претседател во петокот го пофали „напредокот“ откако САД му дозволија на Киев да користи американско оружје за напади на руска територија, под одредени услови.
Украина се бори да ја запре копнената офанзива на Русија во регионот Харков, каде Москва неодамна го направи најголемиот територијален напредок во последните 18 месеци.
Во последните денови Зеленски посети неколку европски земји со цел да побара поголема воена помош за украинската армија, која се повеќе се бори да се спротивстави на континуираните напади на Русија.
Свет
(Видео) Седум повредени лица се извлечени од урнатините на зградата во Истанбул
Трикатна зграда се урна во истанбулскиот кварт Кучукчекмез, а спасувачките тимови досега извлекле седум повредени од урнатините, јави денеска „Анадолија“.
Засега не е позната причината за уривањето на зградата, а на местото на несреќата се надлежни полициски, медицински и спасувачки екипи.
#SICAKHABER – Küçükçekmece’de bina çöktü. Enkaz altında kalanlar olduğu belirtiliyor. pic.twitter.com/I4RGqKGvKf
— Habertürk TV (@HaberturkTV) June 2, 2024
Во тек е акција за пребарување и спасување, а досега од под урнатините се извлечени седум повредени. Четворица се испратени во болница.
Од уривањето на зградата се оштетени и возила кои биле паркирани во близина, а оштетен е и автобус.
На местото на несреќата пристигна гувернерот на Истанбул Давут Ѓул.
Свет
(Видео) Се’ уште се трага по тројцата млади луѓе во Италија кои ги однесе реката додека стоеа прегрнати, најдена чантата на една од девојките
И втората ноќ од потрагата заврши без резултати во Премариакo, Италија, каде реката Натисон во петокот однесе тројца млади луѓе: Патриша (20), Бјанка (23) и Кристијан (25). Потрагата на пожарникарите и Цивилната заштита продолжува, со прелети на хеликоптери кои почнаа во зори.
На местото на исчезнувањето се и родителите на тројца млади, како и психолог. Едно од исчезнатите лица е 20-годишната Патриша Кормос, која живее во Кампоформидо. Пред да замине на брегот на Натизоне, тоа утро таа полагаше на Академијата за ликовни уметности Тиеполо во Удине, каде што е втора година. Останатите две се нејзините пријатели – Бјанка Дорош, која пред неколку дена пристигнала од Романија да ги посети нејзините родители кои живеат во Удине и нејзиното момче Кристијан Касијан Молнар, исто така од романска националност и жител на Австрија.
Во саботата наутро била пронајдена чантата на Патриша, а во неа имало мобилен телефон – сè уште вклучен, со кој успеала да повика помош – кој спасувачите го лоцирале претходниот ден.
Чантата била на брегот покрај реката, на неколку стотини метри низводно од мостот и можеби плутала поради нивото на водата.
Хеликоптерите се повторно во воздух, откако синоќа продолжи потрагата, со персонал на земја и беспилотни летала.
Се пребарува не само областа на Римскиот мост, последното место каде се видени, туку и низводно, сè до устието на реката Тора. Сепак, водата останува матна, што им ја отежнува работата на спасувачите. Родителите на тројцата исчезнати млади се гушкаат и се поддржуваат, пристигнале на местото каде првпат бил лоциран сигналот на мобилниот телефон на Патриша, кога таа се јавила на 911.
Тројцата млади луѓе сфатиле дека местото каде што се наоѓаат, наеднаш станал остров. За неколку минути, водата се подигнала и ги однела.
Дека биле во неволја прв сфатил случаен минувач кој слушнал врисоци од Римскиот мост во Премариако, на помалку од 15 километри од Удине и го вклучил алармот. Тоа беше почеток на потресна секвенца: повик до противпожарната бригада, смирување на младите луѓе кои се обидуваа да се спротивстават на силата на водата и група луѓе кои снимаа со мобилни телефони.
Тројцата пријатели биле во очајна прегратка за да се спротивстават на силата на водата, а во меѓувреме пожарникарите се обидувале да ги спасат: испружиле скала преку реката Натисон и фрлале јажиња.
Прегрнаните пријатели се обиделе да ги зграпчат, но не успеале. Потоа ги однела струјата и оттогаш им се губи секоја трага.
„Секогаш постои надеж дека ќе ги најдеме живи, но познавајќи ја реката, колку повеќе минува времето, толку е потешко да ги најдеме“, изјави Антонио Микелути, раководител на јавните работи во Премариако.
Тој додаде дека му е нејасно зошто младите луѓе биле таму знаејќи какви се условите.