Свет
Зеленски објави видео од бомбардирано породилиште: „Под урнатините има деца“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на „Фејсбук“ објави видео од породилиштето, кое, според Украинците, денеска го бомбардирале Русите.
„Мариупол. Директен удар од руските сили во породилното одделение. Децата се под урнатини. Злосторства! Уште колку светот ќе биде соученик и ќе го игнорира овој терор? Затворете го небото – сега! Престанете да убивате! Имате моќ, но се чини дека го губите човечкото во вас“, рече Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кралот Чарлс испрати велигденска порака: „Постојат три доблести што сè уште му се потребни на светот, најголема од нив е љубовта“

Британскиот крал Чарлс денес се осврна на војната, човечкото страдање и херојството на оние кои ги ризикуваат своите животи за да ги заштитат другите во својата годишна велигденска порака.
„Една од загатките на човечката природа е како сме способни и за голема суровост и за голема љубезност“, рече тој, нарекувајќи го тоа парадокс на човечкиот живот. „Еден момент ужасни слики од човечко страдање, следниот херојски дела во земји разорени од војна каде што хуманитарците од сите видови ги ризикуваат сопствените животи за да ги заштитат животите на другите“, додаде тој.
Кралот Чарлс (76) подоцна ќе присуствува на кралската церемонија по повод Велики четврток во катедралата во Дарам. На церемонијата, 76 мажи и 76 жени ќе добијат симболични подароци во форма на специјално ковани монети, според вековен обичај со кој се оддава признание на примателите за нивната христијанска служба.
„Постојат три доблести што сè уште му се потребни на светот: вера, надеж и љубов. А најголема од нив е љубовта“, рече Чарлс, осврнувајќи се на еден пасус од Новиот завет.
Свет
Северна Кореја се заканува со одговор поради прелетувањето на американските бомбардери

Северна Кореја денес се закани со неодредени мерки на одмазда откако САД во вторникот прелетаа бомбардери Б-1Б за време на заедничка воена вежба со јужнокорејските сили.
Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека вежбата имала за цел да демонстрира заеднички способности за одвраќање во светлината на напредната нуклеарна програма на Северна Кореја, објави АП.
САД и Јужна Кореја редовно спроведуваат заеднички воени маневри кои ги опишуваат како одбранбени, додека Пјонгјанг ги смета овие активности за „подготовка за инвазија“.
„Неодамнешната воена акција на САД и Република Кореја е отворена закана за безбедноста на нашата земја и сериозна провокација што ги крева воените тензии во регионот на исклучително опасно ниво“, изјави неименуван портпарол на севернокорејското Министерство за одбрана, објавија државните медиуми.
Северна Кореја соопшти дека ќе ги „одврати американските агресивни обиди“ со силни средства и дека тоа ќе ѝ наштети на безбедноста на самата Америка, пренесува Танјуг.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно ги фалеше своите лични односи со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, анализираат медиумите.
На крајот на март, Трамп го нарече Ким „многу паметен човек“ и рече дека има комуникација меѓу двете земји, иако Пјонгјанг не одговори јавно и не се познати никакви официјални разговори.
Свет
Папата Францискo нема да ги води велигденските служби во Ватикан

Оваа година, велигденските служби во Ватикан ќе ги водат неколку кардинали, а папата Францискo, кој се опоравува поради болест, нема да учествува во масите, соопшти прес-службата на Светата столица.
Се забележува дека мисата на Велигденското бдение во базиликата „Свети Петар“ на Велика сабота, 19 април 2025 година, ќе ја предводи кардиналот Џовани Батиста Ре, по упатства на папата Франциско, пренесува „Ватикан њуз“.
Во недела на Велигден, 20 април, кардиналот Анџело Комастри ќе ја предводи утринската велигденска миса на плоштадот „Свети Петар“.
Кардиналот Доменико Калкањо ќе претседава со миса за мир во базиликата „Свети Петар“ наутро на Велики четврток, по наредба на Папата.
Мисата на страдањата Господови на Велики петок во базиликата „Свети Петар“, во име на Папата, ќе ја предводи кардиналот Клаудио Гуџероти.
Папата беше хоспитализиран на 14 февруари во болницата „Џемели“ во Рим поради тешка респираторна инфекција. Првично бил лекуван од бронхитис, а потоа му била дијагностицирана билатерална пневмонија.
Ватикан на 21 март објави дека папата полека ја враќа силата.
Папата беше отпуштен од болница на 23 март и моментално се опоравува во папската резиденција Каса Санта Марти, пренесува Танјуг.