Свет
Зеленски: „Украина врати повеќе од 3.000 луѓе од руско заробеништво, никој нема да биде заборавен“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина веќе извршила 53 размени и вратила 3.310 луѓе од руско заробеништво.
– Продолжуваме да работиме и да бараме начини да го ослободиме секој Украинец од руско заробеништво, сите наши војници и цивили, возрасни и деца – рече Зеленски во видеото објавено на официјалниот Телеграмски канал на претседателот на Украина, пренесува Укринформ.
Зеленски додаде дека никој од оние кои се уште се во руско заробеништво нема да биде заборавен и ќе биде вратен дома.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.
Свет
(Видео) Евакуиран аеродромот „Гетвик“, лондонската полиција го истражува безбедносниот инцидент
Лондонскиот аеродром „Гетвик“ е евакуиран, а на патниците им било кажано да „излезат веднаш и да се држат настрана“ додека полицајците го истражуваат безбедносниот инцидент.
Голем дел од јужниот терминал на аеродромот е евакуиран, а на патниците им е забранет влезот, објави британскиот весник „Сан“.
❗️London Gatwick Airport’s South Terminal Evacuated Due To ‘Security Incident’
📹 @SportsProNick pic.twitter.com/1SD5Bi8Y7S
— RT_India (@RT_India_news) November 22, 2024
Од аеродромот соопштија дека евакуацијата била мерка на претпазливост додека полицајците истражуваат безбедносен инцидент.
И Амбасадата на САД во Лондон е затворена поради безбедносна тревога.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.