Свет
Зеленски: Украина ја уништува втората армија на светот, Русија отсега ќе биде просјак

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека чекор по чекор продолжуваат да ја ослободуваат украинската територија.
„Донбас, Харков и Керсон се ослободуваат. Ќе дојде време и цела Украина ќе биде слободна“, рече Володимир Зеленски во видеото на Телеграм.
Тој истакна дека Украинците ја бранеле независноста на земјата и дека Русија повеќе не може да направи ништо во врска со тоа.
„Украина ја уништува таканаречената ‘втора армија на светот’, а Русија отсега ќе биде само просјак. Потенцијалот на Русија сега се троши на ова лудило, на војна против нашата земја и целиот слободен свет “, додаде Зеленски.
Тој посочи дека Русија порано имала влијание во однос на природниот гас, воената моќ и политичката тежина, но веќе не.
Тој додаде дека е многу важно да се промени конфигурацијата на моќта во Евроазија.
„Колку повеќе од својот потенцијал Русија губи сега, толку повеќе вистинска слобода ќе добијат сите народи и покрај Русија и во нејзините граници. Украина пред сè“, рече украинскиот претседател, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Градоначалникот на Брчко: Загрижен сум што никој не забележал што се случува со децата

Градоначалникот на Брчко, Синиша Милиќ одржа прес-конференција откако во тој град беа пронајдени 31 киднапирано дете, јавува Дневник.хр. Тој за новинарите изјави дека куќата во која биле пронајдени ја открил социјален работник кој додека работел на терен пронашол девојче (12) кое побегнало оттаму.
Тој додаде дека постоењето на куќа во која се скриени 31 дете е само по себе крајно страшно, особено ако се потврдат сомнежите за мотивот што обвинителството и локалната полиција го истражуваат. Милиќ на прес-конференцијата рече дека за пронаоѓањето на децата синоќа дознал од вработен во социјалната служба, по што за тоа го известил и обвинителството.
„Полицијата и обвинителството веднаш се вклучија во истрагата и децата веднаш беа преместени на друга локација, каде што исто така им беше укажана лекарска помош. Понатамошната истрага ќе покаже која е вистинската позадина и мотив на овој случај“, истакна тој. Според написите, се смета дека децата се жртви на кривичното дело трговија со луѓе.
„Во рамки на досегашните активности, приведени се три лица поради основано сомнение дека сториле кривични дела трговија со луѓе, трговија со деца и запоставување или злоупотреба на деца. Истрагата за наведениот настан е во тек“, соопшти претходно денеска полицијата.
Милиќ истакна дека полицијата многу сериозно пристапува кон истрагата и излегува во јавноста само кога информацијата е проверена, а со тоа ги штити правата на децата.
„Она што загрижува е прашањето колку време ова се случуваше во нашето маало без никој да обрати внимание“, рече градоначалникот.
Свет
Трамп: Можно е да нема мировен договор меѓу Украина и Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска по првиот состанок на неговиот кабинет изјави дека постои можност да не биде постигнат мировен договор меѓу Украина и Русија.
„Имате голема доверба во нас затоа што претпоставувате дека ќе има мир. Знаете, можно е да не успее. Постои можност да не успее, но се надевам дека ќе успее, заради човештвото“, рече Трамп, пренесува NBC, потсетувајќи дека американскиот претседател претходно ветил дека може да ја заврши војната во Украина за 24 часа.
На првиот состанок на неговиот кабинет, Трамп рече дека САД ќе и дадат безбедносни гаранции на Украина во многу ограничен обем, сугерирајќи дека европските земји, кои се географски поблиску до Украина, треба да ја преземат таа одговорност.
„Ќе го оставиме тоа на Европа, бидејќи Европа е нивен сосед. Но, ќе се погрижиме се да оди како што треба и, како што знаете, ќе бидеме партнери со Украина во однос на ретките минерални суровини. Ретки минерали ни се многу потребни, а Украинците ги имаат“, рече Трамп на состанокот на неговиот кабинет и потврди дека секретарот за внатрешни работи Даг Бургум ќе работи заедно на ова прашање заедно со секретарот за енергетика Крис Рајт.
Според Трамп, рускиот претседател Владимир Путин „би морал“ да направи отстапки во преговорите за ставање крај на војната во Украина.
На прашањето какви отстапки би требало да направи рускиот лидер, Трамп одговори – „Не сакам да ви кажам сега“.
Според Си-Ен-Ен, на прашањето за пристапот на Украина во НАТО, Трамп накратко ги отфрлил аспирациите на Украина за членство.
„Можам да им кажам – можете да го заборавите НАТО“, рече американскиот претседател, пренесува Танјуг.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Сицилија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 19 часот и 11 минути на подрачјето на Сицилија (Италија).
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати на географска ширина 38,6927 и географска должина 15,3717.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 126 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.