Свет
ИАЕА: Иран се придржува до нуклеарниот договор
Иран се придржува до главните ограничувања на нуклеарните активности, кои се воведени со потпишувањето на договорот за нуклеарната програма и покрај тоа што САД се повлекоа од тој договор, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).
Во првиот извештај на ИАЕА, откако Доналд Трамп соопшти дека Вашингтон се повлекува од договорот, се наведува оти Техеран се однесувал во согласност со ограничувањата за нивото на збогатување ураниум, како и за залихите на тој и други производи. Истовремено, ИАЕА го критикуваше Иран за бавното реагирање во случаите на т.н. „инспекции на дополнителен пристап“ во Дополнителниот протокол, кој Техеран го изведува во рамки на договорот.
Од Агенцијата го охрабрија Иран да оди над очекувањата поставени со договорот за да ја зајакнат довербата. ИАЕА како пример наведе дека Иран може да ги покани членовите на Агенција на локации кои претходно не се посетени.
Иранскиот нуклеарен договор беше постигнат во јули 2015. година помеѓу Иран и шест големи сили – САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија. Европа и останатите потписнички се обидуваат да го задржат договорот со Иран и покрај американското повлекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанскиот министер: Лидерот на Хезболах се согласи на прекин на огнот, после тоа бил убиен
Високи либански официјални лица соопштија дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах е убиен набргу откако се согласил на привремен прекин на огнот со Израел. Примирје од 21 ден беше предложено од САД, Франција и другите сојузници.
„Тие ни рекоа дека г-дин Нетанјаху се согласил на тоа и така ние исто така добивме согласност од Хезболах за тоа и знаете што се случи оттогаш“, изјави либанскиот министер за надворешни работи Абдалах Бу Хабиб за Си-Ен-Ен.
„Хезболах ја потпиша оваа заедничка изјава што беше објавена во која се повикува на 21-дневен прекин на огнот и веднаш откако почна да бара дипломатско решение според резолуцијата на Советот за безбедност“, изјави амбасадорот Рами Мортада за Би-Би-Си.
„Бевме на вистинскиот пат обидувајќи се да зборуваме за дипломатска алтернатива на сегашниот ќорсокак, но вжештените глави во Израел избраа поинаков пат“, додава тој, пренесува медиумот.
Свет
Зеленски: Фронтот мора да се зајакне, НАТО ги разбира потребите на Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска разговараше со новиот генерален секретар на НАТО, Марк Рута, што е негова прва странска посета откако е назначен на функцијата генерален секретар на Алијансата.
„Денеска, новиот шеф на НАТО, Марк Руте, за прв пат го посети Киев – веднаш по добивањето на овластувањата на генералниот секретар на Алијансата. Јасно е колку е важно целосно да се спроведе секој од нашите договори за одбранбената поддршка. Треба да се стави крај на оваа војна, рече Зеленски по разговорот со Рута, пренесе Укринформ.
Претседателот на Украина додаде дека воздушната одбрана е важна за Украина.
„Гледаме дека една од главните причини за недостатокот на безбедност на небото на Украина, а особено во близина на границите на НАТО, е отсуството на одлуки за заедничка работа и одбрана. Она што функционира на небото на Блискиот Исток и им помага на одбраната на Израел, може да работи и на небото во нашиот дел од Европа“, рече Зеленски.
Тој нагласи дека Украина ќе продолжи да ги убедува своите партнери да воведат средства за ефикасна заштита на небото.
Зеленски додаде дека „прашањето за покана на Украина во НАТО е постојано на преговарачка маса“.
Според него, денеска со Руте разговарал за деталите за влезот на Украина во Алијансата, пренесува Танјуг.
Свет
Словачкиот премиер: На ЕУ и е потребна Русија, а на Москва и е потребна ЕУ
Европската комисија врши притисок со цел да го запре транзитот на нафта и гас од исток кон запад, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Се мачиме со тоа што има огромен притисок од Европската комисија ништо да не оди од исток кон запад и никому да не му е гајле што имаме некакво „Општество“, некакви гасоводи““, рече Фицо на прес-конференција, пренесува Спутник.
Тој посочи и дека е подготвен да вложи напори за обновување на односите со Русија, бидејќи Москва и Брисел си имаат потреба еден од друг.
„Доколку војната заврши за време на мандатот на оваа влада, ќе направам се, за да ги вратам економските и нормалните односи со Русија. Ќе направам се, бидејќи на Европската унија и е потребна Русија, а на Москва, се разбира, и е потребна ЕУ“, рече Фицо.
Тој истакна и дека неговата изјава дека нема воено решение за украинскиот конфликт се потврдува со текот на времето.
„Фактот дека нема воено решение за украинскиот конфликт го потврдуваат зборовите на многу политичари кои веќе зборуваат за компромиси, за тоа дека Украина треба да се подготви за некаков компромис“, подвлече словачкиот премиер.
Претходно словачкиот премиер најави дека на 7 октомври со својот украински колега ќе разговара за можноста за продолжување на транзитот на нафта и гас низ Украина.
Според него, Словачка е исклучително заинтересирана да се осигура дека нема прекини во транзитот на нафта и гас низ Украина, пренесува Спутник.