Свет
Идентификувано телото на Шани Габаи, која беше убиена од Хамас на фестивалот
Телото на Шани Габаи (26), жителка на израелскиот град Јокнеам, која работела како обезбедување на музичкиот фестивал „Супернова“ и за која не се знаело ништо од 7 октомври, вчера било идентификувано откога било пронајдено во Израел.
Шани последен пат им се јавила на своите пријатели кога била застрелана во ногата од терорист на Хамас, но тој контакт бил прекинат.
Градоначалникот на Јокнеам, Симон Алфаси, се огласи за Шани на „Фејсбук“:
„Нашата Шани ја нема. Нашите срца се скршени на парчиња. Плачеме и одбиваме да веруваме, толку многу се надевавме на поинаков крај. Се надевавме 47 дена, а потоа утрово ја примивме жалната вест дека Шани е убиена во црната сабота“, додаде Алфаси.
„Срцето ми е со нејзините драги родители Јаков и Михал, нејзиниот брат Авиел и сестрата Ницан, кои седум недели бараа под секој камен и одеа на секое место во светот да ја најдат. Саканата Шани имаше само 26 години. Таа беше млада, квалитетна и талентирана личност. Фантастична ќерка, сестра и пријателка“, напиша тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американка отишла да си ја продолжи возачката дозвола, дознала дека е прогласена за мртва
Американката Никол Паулино открила дека е регистрирана како почината, што се одразило на квалитетот на нејзиниот живот. Паулино е од Гајтерсбург, Мериленд, а грешката ја открила додека се обидувала да ја обнови возачката дозвола, пренесува „Скај њуз“. Таа се чувствувала исплашена и изненадена кога системот за управување со моторни возила и покажал порака дека е официјално мртва.
„Изгледа дека умрев. Нема да лажам, бев малку исплашена и изненадена, со оглед на тоа дека сум жива. Тука сум”, рекла таа. Официјалните лица потоа ја известиле Никол Паулино дека не може да ја обнови возачката дозвола, по што добила писмо од Службата за внатрешни приходи на САД (IRS), во кое ја опишуваат како почината даночна обврзничка. Здравственото осигурување за неа и за нејзините три деца било откажано, што довело до зголемување на медицинските сметки и спреченост да го набави инхалаторот што ѝ бил потребен за лекување на астмата.
„Ова сериозно ми го наруши животот. Имаше огромно влијание врз мене и моето ментално здравје“, додаде таа. Потоа добила повик од службеник на Управата за социјално осигурување, кој и рекол дека грешката се должи на печатна грешка.
Имено, погребалното се обидело да пријави смрт на друго лице, но згрешило при пишувањето на една цифра од матичен број. По грешка го внеле бројот на Никол Паулино.
Администрацијата изјави дека нивните податоци инаку се многу точни и дека помалку од 0,33% од повеќе од три милиони извештаи за смрт што ги добиваат годишно подоцна морале да се коригираат. Ова сепак значи дека околу 10.000 извештаи годишно се неточни.
„Овие работи се случуваат речиси секој ден и можат да имаат страшни последици за нечиј кредитен рејтинг“, изјави адвокатот Џозеф МекКлеланд.
Паулино изјавила дека во меѓувреме добила писмо од социјалните служби во кое пишувало дека грешката е исправена. Официјално повторно беше прогласена за жива.
Свет
Израелскиот безбедносен кабинет го одобри договорот за прекин на огнот во Газа, нападите продолжија
Израелскиот безбедносен кабинет денеска го одобри договорот за прекин на огнот, со што се отвора патот за враќање на првите заложници од Газа уште задутре, како и завршување на 15-месечниот конфликт што ја опустоши палестинската крајбрежна енклава.
Договорот меѓу Израел и Хамас се уште чека одобрување од целиот кабинет. Војната меѓу израелските сили и палестинските милитантни групи опустоши голем дел од Газа, убивајќи повеќе од 46.000 луѓе и раселувајќи го најголемиот дел од населението на енклавата.
Доколку биде успешен, прекинот на огнот може да го намали интензитетот на конфликтот на Блискиот Исток, каде што војната од Газа се прошири во Иран, со учество на либанскиот Хезболах, јеменските Хути и вооружените групи во Ирак, како и во го окупираниот Западниот Брег.
Израелската авијација денеска продолжи со нападите во Газа, а палестинската служба за вонредни состојби објави дека од објавувањето на договорот, завчера, се убиени 116 Палестинци, од кои речиси 60 се жени и деца. Како дел од првата, шестнеделна фаза од трифазниот договор, Хамас ќе ослободи 33 израелски заложници, вклучувајќи жени, војници и цивили, деца и мажи постари од 50 години. Израел до крајот на првата фаза ќе ги ослободи сите палестински жени и деца помлади од 19 години од израелските затвори.
Вкупниот број на ослободени Палестинци ќе зависи од ослободувањето на заложниците и може да биде помеѓу 990 и 1.650 Палестинци, вклучувајќи мажи, жени и деца. Израелското Министерство за правда денеска објави список од 95 палестински затвореници кои ќе бидат ослободени задутре, во првата размена. Хамас во соопштението рече дека тешкотиите што се појавија во условите на договорот за прекин на огнот во Газа се решени.
Договорот наиде на силен отпор од тврдокорните во владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир се закани дека ќе поднесе оставка доколку договорот биде одобрен. Сепак, тој рече дека нема да ја собори владата.
По состанокот на безбедносниот кабинет, Бен-Гвир во изјава го повтори своето противење на договорот за прекин на огнот и ги повика членовите на целиот кабинет да му се придружат во гласањето против него. Израел тврди дека во Газа се уште се држат 98 заложници, а се верува дека околу половина се се уште живи. Израелските власти првпат официјално ги информираа семејствата на заложниците за имињата на првите 33 кои ќе бидат ослободени, но не се знае колку од тој список се живи.
Свет
Орбан нема да присуствува на инаугурацијата на Донлд Трамп
Орбан, долгогодишен сојузник на Трамп, е поканет да присуствува на церемонијата на 20 јануари во Вашингтон.
И покрај неговата блиска врска со Трамп, унгарскиот премиер нема да патува во САД, туку тој ден ќе одржи презентација во Будимпешта.
Неговиот говор ќе се фокусира на неодамнешното претседателство на неговата земја со ЕУ, изјави неговиот прес секретар Берталан Хаваси за унгарската информативна платформа Телекс.
Портпаролот за медиуми на Орбан, Золтан Ковач, изјави дека никој од светските лидери не добил официјална покана бидејќи тоа не е традиција за претседателски инаугурации.
Орбан јавно ја поддржа успешната трка на Трамп за Белата куќа во 2016 година.
Трамп го угости Орбан во Белата куќа во 2019 година за време на неговиот прв мандат.
Унгарскиот премиер, исто така, отпатува во САД во јули минатата година за да се сретне со Трамп на Флорида.
Потоа Орбан го пофали својот пријател, велејќи дека републиканскиот лидер, доколку биде избран за претседател, ќе стави крај на војната во Украина. Тој исто така беше меѓу првите кои му ја честитаа изборната победа во ноември.
Одлуката на Трамп да покани светски лидери како Орбан на неговата инаугурација ја прекина децениската традиција, бидејќи странските шефови на држави обично не присуствуваат на заклетвата на новите американски претседатели.