Свет
ИДФ ги заврши подготовките за прием на заложниците, треба да бидат ослободени во 16 часот

ИДФ соопшти дека ги завршиле подготовките за прием на првата група од 13 заложници што треба да бидат ослободени во 16 часот денеска од Појасот Газа во операцијата наречена „Небеска врата“.
Откога ќе бидат ослободени од Газа преку Египет, заложниците ќе бидат донесени од страна на ИДФ во воздухопловната база Хацерим во јужен Израел на првичен прием, каде што ќе бидат подложени на краток физички и ментален преглед.
Војската подготви психолози и експерти за ментално здравје да ги пречека заложниците, од кои многумина се очекува да бидат деца. Експертите ќе им објаснат што се случило во нивната заедница на 7 октомври.
ИДФ донесе телефони за заложниците за да може веднаш да им се јават на своите роднини по пристигнувањето во Хацерим.
Ослободените заложници ќе останат до два часа во Хацерим пред да бидат однесени во болница со хеликоптер или со минибус. Хеликоптерите ќе летаат во поудобен и потивок режим.
Оние на кои им е потребна итна медицинска помош, ќе бидат однесени директно од граница во болница, без да одат во Хацерим.
Семејствата на заложниците чекаат во болниците, а во околината се резервирани хотелски соби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.