Свет
Израелската полиција уби палестинско момче, кое запали огномет
Граничен полицаец во бегалскиот камп „Шуфат“ во окупираниот Источен Ерусалим застрела и уби 12-годишно палестинско момче, кое палеше огномет. Си-ен-ен доби видео на кое се гледа Рами ал-Халхули како стои меѓу другите деца, како држи запалена ракета за огномет над главата по што следува пукање.
Момчето паднало на земјата токму кога ракетата одлетала од неговата рака. Портпаролот на израелската полиција изјави дека полициските сили одговориле на насилен инцидент во кампот и дека граничен службеник пукал кон осомничениот, кој им се заканувал на силите пукајќи со огномет во нивна насока.
Момчето беше убиено третата ноќ од муслиманскиот месец рамазан, кој беше во фокусот на израелско-палестинскиот конфликт во претходните години. Полицијата соопшти дека поединци синоќа фрлале „молотови коктели“ и пукале со огномет директно врз безбедносните сили.
Кога Ал Халхули паднал на земјата, околу него се собрале неколку луѓе, а жена почнала да го вика неговото име. Момчето било пренесено во болница во критична состојба и по кратко време била констатирана смрт.
Крајнодесничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, на Телеграм го пофали полицаецот што пукаше и го уби момчето . „Ги поддржувам борците на граничната стража, кои ги ризикуваат своите животи за да нè заштитат од бунтовниците во „Шуфат“. Војник уби терорист кој се обиде да пука со огномет кон војниците. Токму така треба да се справите со терористите – одлучно и прецизно“, рече Бен-Гвир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски се обрати до нацијата: Се браниме кај Харков, во Доњецк е исклучително тешко
Украинските сили продолжуваат со одбранбените операции околу северните погранични населби во регионот Харков, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во вечерното обраќање до нацијата.
„Нашите сили извршуваат контранапади и ја штитат украинската територија веќе втор ден“, рече Зеленски.
Украинската војска претходно соопшти дека руските сили се задржани во пограничните села во „сивата зона“, додека Русија објави дека зазела пет локални населби.
Ситуацијата, рече Зеленски, е особено напната во регионот на Доњецк, поточно во правец на Покровское, кај селата Семенивка и Нетаилова.
Зеленски додаде дека попречувањето на руските офанзивни акции сега е задача број еден.
Свет
Макрон: Се надевам дека Французите нема да мора да се борат во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон уште еднаш не ја исклучи можноста за интервенција на француската армија во Украина, но истовремено изрази надеж дека неговата земја нема да мора да војува и да испраќа свои војници во војна.
Како што пренесува „Украинска правда“, Емануел Макрон рече дека во одреден момент Европејците треба да бидат подготвени да ја спречат Русија да напредува понатаму во Украина, но тој најискрено се надева дека нема да мора да се борат.
„Ако сакаме мир, мораме да го заштитиме. Затоа треба да се вооружиме и затоа треба да бидеме средство за одвраќање и убедување. Ако одите предалеку и ги загрозувате нашите интереси и нашата безбедност, тогаш јас не исклучувам интервенци во конфликтот“, рече Макрон.
Тој нагласи дека украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет се под закана, но истовремено владеењето на правото и општите правила се под закана.
„И ако оставиме сè како што е во Украина, тогаш ќе победи правото на посилниот. И не можеме да бидеме сигурни бидејќи тоа се случува на 1.500 километри. Значи, во Украина нашата иднина и нашата безбедност се во прашање“, заклучи францускиот претседател.
Свет
Големи пропалестински протести во Малме пред евровизиското финале, се бара исклучување на Израел од натпреварот
Денеска во центарот на Малме, Шведска се одржува масовен пропалестински протест поради учеството на Израел на овогодинешното натпреварување.
Голем број луѓе почнаа да се собираат на главниот плоштад во Малме од 16 часот.
Протестот почна на главниот плоштад во Малме, а насобраните од ова место се упатија кон арената Малме, каде што се одржува Евровизија.
Во четвртокот, кога претставничката на Израел настапи во втората полуфинална вечер, на улиците на Малме протестираа повеќе од 30.000 луѓе, според проценките на шведската полиција.
Барањата се исти – бојкот на Евровизија и исклучување на Израел од натпреварувањето.