Свет
Израелската армија: Го уништивме командниот центар на Хамас во Газа

Војската на Израел денеска соопшти дека уништила командно-контролен центар што го користела единица на Хамас во градот Газа. За време на операцијата во областа Шеџаја, која се смета за едно од последните упоришта на Хамас во Појасот Газа, војниците убиле голем број милитанти.
Уништен е и комплекс од тунели, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ). Германската новинска агенција ДПА пишува дека не е можно самостојно да се потврди оваа информација.
Пред неколку дена израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, објави дека командниот центар на Хамас во Шеџаја е опколен. Израел проценува дека палестинското екстремистичко движење има вкупно 24 баталјони, секој со речиси 1.000 члена.
Израелската армија денеска додаде дека убила неколку милитанти во Хан Јунис на југот на Појасот Газа. Во тунелот откриен во тој град војниците наводно ги пронашле моторите користени во нападот на 7 октомври.
Хамас е одговорен за масакрот на 7 октомври во јужен Израел, кој го означи почетокот на војната во Газа. Над 1.200 луѓе во Израел беа убиени, главно цивили. Нападите на Израел врз Газа беа под зголемена меѓународна критика во последните неколку недели, а бројот на загинати меѓу палестинските цивили продолжува да расте.
Над 18.000 се убиени во Газа, според палестинските власти, под контрола на Хамас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Подготвен сум за трилатерален состанок

Претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, сè уште одговараат на прашањата на новинарите во Белата куќа.
„Ќе имаме состанок. Ако сè оди добро денес, ќе имаме трилатерален состанок и мислам дека постои разумна шанса тогаш да ја завршиме војната.“, рече Трамп.
Претседателот на САД, исто така се осврна на можна трилатерална средба меѓу него, Зеленски и Владимир Путин.
Тој додаде дека никогаш не може однапред да каже дали таа средба ќе значи крај на војната.
Зеленски рече дека е подготвен за трилатерален состанок и додаде дека би било многу добро да се одржи.
Свет
Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина ќе добие некаков вид безбедносни гаранции, но не прецизираше дали тоа ги вклучува и американските сили.
Зборувајќи во Белата куќа, американскиот претседател изјави:
„Ќе има многу помош кога станува збор за безбедноста. Ќе има многу помош. Ќе биде добро. Тие се првата линија на одбрана затоа што се таму, но и ние ќе им помогнеме. Ќе бидеме вклучени кога ќе дојде вистинското време.“
На Трамп му беше поставено и прашањеѕп дали денешниот самит е „договор или ништо“.
„Не можам да го кажам тоа“, одговори Трамп.
„Никогаш не е крај на патот. Луѓе умираат и ние сакаме да го спречиме тоа. Затоа не би рекол дека е крај. Мислам дека сега имаме добра шанса.“
Трамп додаде дека верува оти и Владимир Путин сака крај на војната.
Слетете ВО ЖИВО.
Свет
(Во живо) Eвропските лидери стигнаа во Вашингтон, почнува средбата меѓу Трамп и Зеленски

Претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп повторно се сретнаa лице в лице во Вашингтон.
Тоа e нивна четврта средба во живо оваа година, и секоја од нив досега беше посебна на свој начин.
Претходно челниците на ЕУ и НАТО стигнаа во Белата куќа. Се очекува сите да се состанат по средбата меѓу Трамп и Зеленски.
Во Вашингтон стигнаа претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, првиот човек на НАТО, Марк Руте, претседателот на Фрација, Емануел Макрон, канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стамер, како и премиерката на Италија, Џорџа Мелони.