Свет
Израелска школа на фарси обучува тинејџери за идни антиирански шпиони
Израелските разузнавачки служби се обидуваат да го прошират својот басен на експерти за Иран преку програмата „Иран, безбедност и разузнавање“ во средното училиште „Бен Гурион” во Петах Тиква, централен Израел, пренесува „Гласот на Америка“.
Двегодишниот курс, воден од пензионираниот поранешен офицер на Шин Бет, генерал Пини Шмилович, предвидува изучување јазични и комуникациски вештини, а на 16- и 17-годишниците им се презентира и израелската перспектива за наводната вмешаност на Иран во регионалните конфликти со соседите, поддршката на Техеран за групите како Хезболах и Хамас, како и залагањето на неговите лидери за уништување на државата Израел.
Во програмата, за која има голем интерес во последните години, се запишани 50-ина студенти. Од нејзиното создавање во 2014 година, 50 студенти дипломирале, а 20-ина од нив служат во израелската воена разузнавачка служба, вели Шмилович.
„Не знам кога и дали ќе има мир меѓу нас и Иран, но мислам дека е важно во Израел да има доволно луѓе што знаат што е Иран и кои може да влијаат и да бидат активни во прашањето на односите меѓу Иран и Израел“, рече разузнавачкиот офицер.
Хана Јаханфуроз, израелски едукатор, родена во Иран, предава фарси и иранска култура и вели дека се чувствува совршено спокојно знаејќи дека некои од нејзините студенти ќе продолжат да вршат разузнавачка работа против нејзината поранешна земја.
„Ако ние во Израел можеме да сториме нешто за иранскиот народ во Иран да биде слободен, а студентите може да ја искористат оваа програма за да го постигнат тоа, за мене е во ред“, рече таа.
Традиционално нестабилните односи меѓу Иран и Израел паднаа на ниско ниво последниве месеци кога Тел Авив го обвини Техеран за водење прокси-војна против Израел во Сирија и во Либан и за обезбедување воена и други форми на поддршка за милитантите на Хамас во Газа. Иран ги негира израелските обвинувања за големо присуство во Сирија велејќи дека неговата помош е ограничена само на советници што ѝ помагаат на сириската влада во борбата против терористичките групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.
Свет
(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи
Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб.
BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport.
Evacuations are underway at the airport. pic.twitter.com/kjEwqD5Vyl
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Ирански дрон го погоди и хотелот со пет ѕвездички Бурџ Ал Араб во Дубаи. Хотелот, кој е висок 321 метар и има 60 ката, се наоѓа на вештачки остров во Обединетите Арапски Емирати.
BREAKING: Iranian drone hit the five-star Burj Al Arab hotel in Dubai, UAE.
The 321-meter, 60-story tower stands on an artificial island. pic.twitter.com/SZaJrAUq3n
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Бурџ Ал Араб е еден од најпрепознатливите хотели во светот и симбол на луксузот на Дубаи. Отворен во 1999 година, изграден е на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и поврзан со копното со приватен мост. Висок е 321 метар и има 60 ката, а неговиот архитектонски дизајн наликува на едро.
Breaking News 🚨
Iran strikes renowned Burj Al-Arab hotel in Dubai, UAE. pic.twitter.com/3oqGa579Kw
— Dost Afridi (@DostAfridi_10) February 28, 2026
Хотелот често се опишува како „хотел со седум ѕвездички“, иако официјално има пет, и е познат по своите ексклузивни апартмани на два ката, приватни батлери и хелиодромот на врвот од зградата, кој стана место за бројни промотивни настани и спортски спектакли.

