Свет
Израелскиот претседател: Ганц и Нетанјаху имаат 48 часа да формираат влада
Израелскиот претседател, Реувен Ривлин, им даде на претседателот на парламентот, Бени Гантц, и на премиерот, Бенјамин Нетанјаху, дополнителни 48 часа итно да формираат влада за национално единство имајќи предвид дека земјата се соочува со криза поради коронавирусот.
Бидејќи мандатот на Ганц да формира влада истече на полноќ во понеделникот, претседателот Ривлин даде зелено светло на заедничкото барање на двајцата политички лидери да се договорат за влада на национално единство до полноќ в среда и на тој начин да ѝ стават крај на најдолготрајната политичка криза во историјата на Израел.
Ривлин одлучи да го продолжи рокот за 48 часа врз основа на впечатокот дека Ганц и Нетанјаху се многу блиску до постигнување договор, велат од кабинетот на претседателот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Милановиќ го осуди Израел: „Нема никакво оправдување за нападите врз членовите на УНИФИЛ“
Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска ги осуди нападите на израелските одбранбени сили врз припадниците на мировните сили на Обединетите нации (УНИФИЛ) во Либан.
„Нема никакво оправдување за нападите врз членовите на УНИФИЛ и единственото нешто што завојуваните страни, вклучително и израелските одбранбени сили, мора да направат е веднаш да запрат каква било форма на напад и притисок врз мисијата УНИФИЛ“, се вели во соопштението.
Тој потсети дека Советот за безбедност на ОН предупреди дека членовите и објектите на мировните сили на ОН никогаш не смеат да бидат цел на напади.
Во соопштението се наведува дека во мисијата УНИФИЛ имало и припадник на хрватските вооружени сили, дека неговото учество во мисијата завршило и дека во тек е организацијата на неговото безбедно враќање во Хрватска.
„Подоцна ќе одлучиме за распоредување на припадник на вооружените сили кој треба да го замени во мисијата УНИФИЛ, имајќи ја предвид безбедносната состојба пред се“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.
Претседателот потсети дека задачата на членките на УНИФИЛ е да го бранат меѓународниот мир и безбедност, односно да обезбедат целосна имплементација на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН од 2006 година со цел зачувување на мирот меѓу Либан и Израел.
Тој нагласи дека членовите на УНИФИЛ се обидуваат да спречат ескалација на конфликтот, додека нападите на ИДФ врз нив „ги прават напорите на УНИФИЛ невозможни и директно придонесуваат за ширење на тој конфликт“.
Свет
(Видео) Трамп на митингот во Пенсилванија: „Ајде да слушаме музика, нели е убаво“
Градското собрание во Пенсилванија во понеделникот се претвори во 30-минутна музичка сцена, каде што танцуваше Доналд Трамп.
Настанот предизвика нови исмејувачки коментари од потпретседателката Камала Харис бидејќи таа го нападна Трамп како „слаб и нестабилен“ во нејзината кампања, пренесуваат американските медиуми.
Две екипи за итни случаи во толпата го прекинаа настанот за што Трамп ја обвини жештината, а модераторот на настанот, гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, се пошегува дека местото не може да си дозволи климатизација „во оваа економска клима“.
Трамп повика да се свири „Аве Марија“ за време на двата прекина, но поранешниот претседател зборуваше само накратко откако на друго лице му беше укажана итна медицинска помош.
„Да не поставуваме повеќе прашања. Ајде само да слушаме музика. Да направиме музички фестивал. Кој по ѓаволите сака да слуша прашања, нели? Зарем тоа не е убаво?“, рече Трамп.
Трамп потоа застана на сцената нишајќи се на музиката, ка публиката не знаеше дали настанот е завршен или не, пренесе АП.
Поранешниот претседател остана на сцената и праша: „Никој не си оди, што се случува?“
Официјалниот профил на кампањата на Камала Харис на социјалните мрежи сподели видео од поранешниот претседател како полека танцува на музиката на сцената.
„Скитникот изгледа изгубено, збунето и замрзнато на сцената додека неколку песни траат повеќе од 30 минути, а публиката рано заминува од местото на средбата“, се вели во коментарот.
Самата Харис ја сподели објавата додавајќи: „Се надевам дека му оди добро“.
Во последователната обкава кампањата го исмева Трамп истакнувајќи дека тој им рекол на своите поддржувачи „да излезат и да гласаат на 5 јануари“ и „зборувале за Ханибал Лектор, канибалистички сериски убиец, кој не е реален“.
Националната прес-секретарка на Трамп, Каролин Ливит, сподели клип од него како танцува со натпис:
„Диџеј Трамп“!
Портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг, напиша на „Твитер“:
„Нешто многу специјално се случува во Пенсилванија токму сега во градското собрание на Трамп“ додавајќи: „Фестивал на тотална љубов во градското собрание на ПС. Сите беа толку возбудени што се онесвестија, па Доналд Трамп се сврте кон музиката“.
Свет
Шефот на турската дипломатија: Кризата во Газа ја покажа пристрасноста на меѓународниот систем
Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денеска го критикува меѓународниот правен систем наведувајќи дека израелската војна во Газа ја покажала својата пристрасност и хиерархиска природа.
„Она што се случува во Газа е жив доказ за фактот дека меѓународниот систем е создаден за да се користи и злоупотребува од привилегирано малцинство“, рече Фидан на конференцијата за глобална дипломатија и иднината на Палестина во Анкара, пренесе „Ал џезира“.
Тој додаде дека се покажало оти меѓународната заедница, почнувајќи од муслиманскиот и арапскиот свет, е бескорисна, немоќна и безнадежна да ја спречи оваа трагедија која трае, пренесува „Танјуг“.
Фидан повика на итна акција предупредувајќи дека доколку не се најде решение, војната во Газа ќе ескалира во поголема регионална и глобална криза.