Свет
Израелски претставници по убиствата во Вашингтон: Нема да попуштиме пред тероризмот
Израелските власти изразија длабока огорченост и испратија пораки со сочувство по пукањето во близина на Еврејскиот музеј во Вашингтон, во која беа убиени двајца вработени во израелската амбасада.
Израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека Израел и САД „ќе застанат обединети во одбрана на своите граѓани и заедничките вредности“.

„Скршен сум од сцените од Вашингтон“, напиша Херцог во соопштение објавено на Икс. „Ова е одвратен чин на омраза, на антисемитизам, кој ги одзеде животите на двајца млади вработени во израелската амбасада.“
„Нашите срца се со семејствата на убиените, а нашите молитви се со повредените. Ја нудам мојата целосна поддршка на амбасадорот и целиот персонал во амбасадата. Ние стоиме со еврејската заедница во Вашингтон и низ Соединети Американски Држави“, додаде израелскиот претседател.
Министерот за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека Израел „нема да попушти пред тероризмот“.
„Ужасни вести утрово – шокантен терористички напад во кој беа убиени двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон“, објави Саар на Икс.
Тој разговараше и со американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, кој изрази сочувство и извести дека е во тек „интензивна истрага“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

