Свет
Израел во акција да ги затвори тунелите на Хезболах на либанската граница
Израел ги стави своите сили на границата со Либан како дел од операцијата „Северен штит“ со цел уништување на тунелите на групата Хезболах, објави „Спутник“.
Израелските одбранбени сили во вторникот на „Твитер“ го објавија почетокот на операцијата за откривање и неутрализирање на прекуграничните тунели што Хезболах ги користи за да го нападне Израел од либанската територија.
Според „Хаарец“, израелските вооружени сили знаеле за плановите на Хезболах од 2006 година за изградба на тунели за напад на точки по должината на границата меѓу Израел и Либан за да спроведат напади врз еврејската држава. Обидот за изградба на тунел беше откриен во 2013 година, но не беше откриено местото на градење.
Веста доаѓа неколку дена откако Хезболах објави видеоснимка со закана дека ќе му се одмазди на Израел во случај на ракетен напад против групата. На снимката е лидерот на Хезболах, Хадер Хасан Насралах, кој го предупреди ИДФ: „Ако се осмелите да нападнете, ќе зажалите“.
Израел формира специјален тим за да ги лоцира тунелите во 2014 година. Во 2015 година Израел почна да гради бариера на либанската граница и воспостави технологија за неутрализација на тунелите.
Портпаролот на ИДФ, Ронен Манелис, рече дека изградбата на тунелите на Хезболах на израелска територија е доказ за флагрантно кршење на израелскиот суверенитет.
„Имаме многу сериозна ситуација која ги повредува Либан и граѓаните на Либан и ја сметаме либанската влада за одговорна. Имаме неоспорен доказ дека либанската влада не ја контролира границата. Иранските пари се за овие тунели“.
Израелските власти постојано го нарекоа Хезболах ирански терористички продолжени раце истакнувајќи дека еврејската држава ќе продолжи да ги блокира обидите на Иран да ги користи Сирија и Либан како свои истурени бази за напади врз Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.