Свет
Израел го затвори граничниот премин со Газа поради подметнатите пожари

Израел одлучи денеска да го затвори граничниот премин Карем Абу Салем, главната трговска рута на Појасот Газа, за сите влезови, освен за хуманитарна помош и нафта, пренесува „Анадолија“.
„Карем Абу Салем ќе биде затворен за минување на целата стока, со исклучок на основната хуманитарна опрема и гориво“, се вели во изјавата на Министерството за одбрана на Израел.
Израелската јавна радиодифузна корпорација соопшти дека министерот за правда, Бени Ганц, наредил затворање на преминот поради постојаното пуштање запаливи балони од страна на Газа.
Според израелските медиуми, повеќе од 30 пожари избувнале вчера како последица на пуштените запаливи балони во пет населени области во близина на израелската граница со Појасот Газа.
Карем Абу Салем е еден од трите главни гранични премини на Појасот Газа со Израел и Египет, па токму тука поминуваат повеќето стоки дневно.
Палестински официјален претставник, кој не сакал да биде именуван, изјави дека израелските власти спречувале влез на градежни материјали на палестинската страна. Египет исто така го ограничува движењето во и надвор од Газа.
Вооружена група лансира неколку ракети во морето во понеделникот по неколкуте размени на оган со Израел во последните неколку дена. Ракетите беа порака до Израел дека вооружените групи во Газа нема да молчат пред израелската блокада и агресија.
Појасот Газа е под контрола на Хамас, една од двете најголеми политички партии во Палестина. Наведувајќи ја загриженоста за безбедноста, Израел одржува силна контрола над копнените и морските граници на енклавата.
Хамас и Израел водеа три војни од 2008 година. И покрај примирјето минатата година, поддржано од ОН, Египет и Катар, двете страни се напаѓаат спорадично со ракети, минофрлачки оган или со запаливи балони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Песков: Крајот на специјалната воена операција во Украина ќе биде поблиску доколку пристигнува помалку оружје од Западот

Крајот на војната во Украина ќе зависи од количината западно оружје што ќе го добие Киев, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата во врска со снабдувањето на Украина со оружје и дека забележува одредени проблеми.
„Колку помалку ракети пристигнуваат во Украина од странство, толку е поблиску крајот на специјалната воена операција“, истакна Песков.
Претходно, како што објави „РИА новости“, порталот „Политико“ пишуваше за привременото запирање на испораките на муниција и оружје од САД за Украина поради исцрпувањето на американските резерви.
Заменик-портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, потврди за Ен-би-си дека имало прекин во испораките наведувајќи дека одлуката е донесена за да се заштитат интересите на Америка како приоритет.
Исто така, републиканскиот конгресмен и член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, Брајан Фицпатрик, побара итен брифинг од Белата куќа и од Пентагон во врска со прекинот на воените испораки на Киев.
Коментирајќи ги овие наводи, Песков изјави дека „се чини оти американската индустрија не успева да произведе доволен број ракети, особено затоа што големи количини беа испорачани во Израел и во Украина, а испораките сè уште се во тек“ додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата, пренесува „Танјуг“.
Свет
Мерц ја повика ЕУ на итен договор со Америка за царините

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја повика Европската Унија што е можно побргу да постигне договор со Соединетите Американски Држави за решение на трговскиот спор поврзан со царинските давачки предупредувајќи дека остануваат само неколку дена за постигнување договор.
Зборувајќи на банкарски состанок во Берлин, Мерц истакна дека неуспехот да се реши спорот може да ги загрози клучните сектори на европската економија, вклучувајќи ги автомобилската индустрија, челичарниците и фармацевтските компании, објави „Ројтерс“.
„Европа мора сериозно да се соочи со можноста САД да ја омекне својата посветеност на трансатлантската соработка.
Постојат оправдани сомнежи дали ќе продолжиме да споделуваме заеднички интереси на долг рок“, рече Мерц, пренесува „Танјуг“.
Свет
(Видео) Пукање во Чикаго: има загинати и повредени

Повеќе лица биле застрелани на забава за промоција на албум во Чикаго, пренесуваат медиумите во регионот.
Извештаите што кружат на социјалните мрежи велат дека луѓе биле застрелани во ресторан и салон на авенијата Вест Чикаго во населбата Ривер Норт за време на забавата за раперот Мел Бакз.
Wild West of some kind.
Chicago, Illinois.
12 people were shot in an intense shooting at a nightclub between Chicago and Franklin Avenues. pic.twitter.com/dnCJXpDcWX— Argonaut (@FapeFop90614) July 3, 2025
Најмалку три лица се убиени, а 16 се повредени, објави Си-би-ес повикувајќи се на локалните власти.
Службеник на градот изјави дека 19 лица биле застрелани во автомобили, од кои тројца смртно, според извештајот.
Портпаролот на полициската управа во Чикаго, Хулио Гарсија, изјави дека дополнителни информации ќе бидат објавени штом ќе станат достапни, но не го прецизира бројот на повредени или точната локација на инцидентот, објави „Ројтерс“.
Портпаролот на медицинската болница „Нортвестерн“, Крис Кинг, потврди дека одделот за итни случаи ја проценува состојбата на неколкумина повредени, но не можеше да го прецизира точниот број на лица примени на лекување или нивната моментна здравствена состојба.