Свет
Израел го одобри планот за заземање повеќе палестинска земја во близина на Витлеем

Израелските власти во неделата го одобрија планот за запленување на хектари палестинска земја во близина на окупираниот Витлеем, пренесува новинската агенција ВАФА.
Хасан Брежије изјави дека земјиштето е во палестинска сопственост и ќе се користи за изградба и за проширување на колонијалните населби. Планот, тврди тој, е доказ дека израелската влада ги олеснува обидите на доселениците да одземат уште повеќе земјиште и имот во сопственост на Палестинците.
Според израелската група за заштита на права „Б’Тселем“, владата користела комплексен правен и бирократски механизам за да преземе контрола над повеќе палестинска земја на окупираниот Западен Брег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Здравствената состојба на папата Франциско останува стабилна

Здравствената состојба на папата Франциско, кој две недели е во болница поради пневмонија и бронхитис, останува стабилна, соопшти вечерва Ватикан во новиот здравствен извештај.
„Клиничката слика на Светиот Отец останува стабилна“, се вели во новиот дневен здравствен извештај за 88-годишниот папа, кој вчера имаше респираторна криза.
Како што се наведува, тој е наизменично на механичка неинвазивна вентилација (кислородна маска) и на долги периоди на терапија со висок проток на кислород.
Папата Франциско вчера имаше бронхијален спазам, поради што беше потребна неинвазивна механичка вентилација, а во утринскиот извештај се посочува дека имал мирна ноќ и се одмора.
Свет
Сијарто: На состанокот меѓу Зеленски и Трамп беше јасно кој е за мир, а кој сака војната да продолжи

На состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, беше јасно кој е за мир, а кој сака војната да продолжи, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Вчера на сите им стана појасно од кога било кој сака мир, а кој војна. Кој сака да прекине убивањето, а кој сака да продолжи. Кој е тој што стои на тлото на здравиот разум, а кои се тие кои не жалат ниту за човечки животи, ниту за милијарди евра, само за да продолжи војната“, објави Сијарто на мрежата Икс.
Тој рече дека „залагањето за мир“ на Трамп бил најважниот момент во последните три години од војната во Украина.
Свет
Зеленски пристигна во Лондон и порача дека американската поддршка е од клучно значење за Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, при пристигнувањето во главниот град на Велика Британија, Лондон, изјави дека американската поддршка е од клучно значење за Украина.
Предвидено е Зеленски денеска да има средба со Кир Стармер, а утре да присуствува на средбата организирана од британскиот премиер со повеќе европски лидери, на која ќе се разговара за идниот мировен договор за Украина и негово спроведување.
Зеленски пристигна во Лондон од САД, каде синоќа имаше вербален судир со американскиот претседател и потпретседател, Доналд Трамп и Џеј Ди Венс. Поради што беше откажана заедничката прес-конференција и не беше потпишан договорот за експлоатација на украинските минерални ресурси, според кој приходите од минералите ќе бидат депонирани во заеднички американско-украински фонд, а за возврат Украина да добие американски безбедносни гаранции.