Свет
Израел го отвори преминот за да може Газа да добие помош

Израел денес го отвори преминот Керем Шалом за да дозволи помош да пристигне во палестинскиот Појас Газа, објавија израелските медиуми.
Преминот се наоѓа на границата на Газа, Израел и Египет и е важен премин за надворешна трговија и патувања, пренесува Би-би-си.
Додека конфликтот ескалираше во текот на оваа недела, Израел отвори премин за Газа да добие хуманитарна помош, но Керем Шалом беше затворен повторно многу брзо.
Израелците како причина за затворањето наведоа дека палестинските сили пукале со минофрлачи кон областа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелската армија објави драматично видео: „Ако не ги запреме ние, вие сте следни“

Во услови на се почести напади и ескалации меѓу Израел и Иран, израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа објавија видео во кое се вели дека иранските балистички и нуклеарни програми се егзистенцијална закана – не само за Израел, туку и за други земји како Обединетото Кралство.
Пораката директно сугерира дека способностите на Иран може да доведат до уништување на тие земји.
If we don’t stop them, you’re next. pic.twitter.com/svE6JSFph2
— Israel Defense Forces (@IDF) June 17, 2025
„Уништување на САД, Канада, Кина, Украина, Велика Британија…“ започнува видеото што ИДФ го објави на Твитер со порака: „Ако не ги спречиме, вие сте следни“.
„Иран има план кој им се заканува на милиони невини цивили и план кој не запира кај нас. Нивниот следен план е да ги уништат и сите други земји“, тврди ИДФ во видеото.
Свет
Израел: Го убивме првиот човек на иранската армија

Војската на Израел тврди дека го убила началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран. Доколку оваа вест биде потврдена, тоа ќе биде последен во серијата атентати на високи ирански воени функционери.
„По изненадувачка можност во текот на ноќта, борбените авиони на воздухопловните сили го нападнаа седиштето во срцето на Техеран. И, благодарение на прецизните разузнавачки информации, тие го убиле Али Шадмани, главниот воен командант и човекот најблизок до иранскиот лидер Али Хамнеи“, се вели во соопштението.
Шадмани беше назначен пред четири дена да раководи со вонредниот воен штаб на Иран и да ја надгледува иранската Револуционерна гарда и армијата. Шадмани се искачи низ рангот откако Голомали Рашид беше убиен од израелските сили минатата недела.
Дописникот на Скај њуз за Блискиот исток Алистер Бункал истакна дека ова ќе биде втор пат Израел да убива началник на иранската армија од почетокот на конфликтот.
„Ако се сеќавате на Хезболах, она што Израел можеше да го направи многу успешно е да продолжи да го уништува највисокиот синџир на команда, а потоа и нивните наследници малку по малку, до точка каде што целосно го деморализираа и уништува секој синџир на команда“, рече Бункал.
„И се чини дека тие се обидуваат да направат нешто слично кога станува збор за иранскиот режим“, додаде тој.
Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.