Свет
Израел го укина карантинот за граѓаните што се враќаат од странство
Израелските граѓани што се враќаат дома веќе не мора да бидат во карантин во корона-хотел, објави владата, која продолжува да ги олеснува мерките.
Израелците што се враќаат од странство веќе не мора да престојуваат во хотели што ги води израелската војска доколку може да бидат во изолација во своите домови.
На оние што пристигнуваат во израелското меѓународно пристаниште „Бен Гурион“ не им е дозволено да користат јавен превоз. Треба да одат со такси, да го отворат прозорецот додека се возат и да носат маска.
Војската објави дека лицата што имаат простор за самоизолација почнале да ги пуштаат од карантин. Војската ги водеше и ги финансира хотелите во пандемијата, во кои беа сместени речиси 10.000 лица позитивни на коронавирусот.
Продавниците ќе се отворат во вечерните часови во повеќето муслимански градови и села во текот на месецот рамазан, освен на оние места каде што голем број се заразени од коронавирусот.
На Евреите ќе им биде забрането да палат логорски оган, обичај на еврејскиот празник Лаг Баомер, кој почнува на зајдисонце в понеделник и трае до зајдисонце во вторник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Силно невреме во Грција – тешко погоден туристичкиот остров Крф
Силно невреме со обилни врнежи предизвика големи поплави и штети на северозападот од Грција. Поплавени се подруми и приземја, а патиштата се блокирани поради свлечишта. Во регионот на Јањина наврнале околу 280 милиметри дожд за неколку часа.
Најтешко е погоден островот Крф. Селото Карусаѓес е целосно отсечено, а полициската станица е блокирана од кал. Многу патишта се уништени, а училиштата ќе бидат затворени во понеделник.
Κέρκυρα: Εικόνες καταστροφής από την κακοκαιρία – Κλιμάκιο της ΕΜΑΚ στο νησί – Καστοριά: Υπερχείλισε ο Αλιάκμονας στο Νεστόριο #OPENnewe pic.twitter.com/dOrDKC1Ax4
— OPEN News (@OpenNewsGr) November 21, 2025
Очекувањето е врнежите да продолжат, но со послаб интензитет. Метеоролозите предупредуваат дека штетите се поголеми поради пожарот на северен Крф во 2023 година, кога изгоре голем дел од вегетацијата.
Свет
Соработничката на Трамп поднесе оставка по судирот со него; тој порача: Одлична вест за земјата
Долгогодишната сојузничка на американскиот претседател Доналд Трамп, Марџори Тејлор Грин, денеска соопшти дека ќе поднесе оставка од местото во Претставничкиот дом, по неодамнешниот судир со Трамп, кој нејзиниот потег го оцени како „одлична вест за Америка“.
Грин во објава на социјалните мрежи наведе дека „лојалноста треба да биде двонасочна улица“, а дека Конгресот е „во голема мера маргинализиран“ под администрацијата на Трамп.
Таа долго време беше лојална соработничка на Доналд Трамп и движењето МАГА, но последните недели зазеде ставови што се во спротивност со позицијата на Белата куќа, поради што американскиот претседател ѝ ја ускратил понатамошната поддршка. Како причина за раздор со Трамп, Грин го навела нејзиното залагање за објавување на владините досиеја за осудениот сексуален сторител Џефри Епштајн.
Покрај тоа, Марџори Тејлор Грин годинава стана првата републиканска пратеничка која го нарече нападот на Израел врз Појасот Газа геноцид. Таа минатата недела изјави дека се соочува со закани поради критиките што Трамп ги упати кон неа на социјалните мрежи.
Оставката на Марџори Тејлор Грин ќе ја намали републиканската мнозинска предност во Претставничкиот дом на 218 спрема 213 пратеници демократи.
Свет
(Видео) Се’ уште е во болница Мис Јамајка која падна од сцената на изборот за Мис Универзум
Мис Јамајка, Габриел Хенри, е хоспитализирана трет ден откако падна од сцената за време на прелиминарната рунда на изборот за Мис Универзум.
Имено, таа одеше во високи потпетици, пропушти чекор и падна од сцената. После тоа, ја изнесоа на носилка.
Како што потврдија организаторите на изборот за Мис Универзум, Хенри не се чувствува добро и сè уште е на лекување.
@amusestan A shocking moment at Miss Universe 2025: Gabrielle Henry, Miss Universe Jamaica 2025, fell from the stage and had to be taken to the hospital on a stretcher. 💔🇯🇲 Wishing her strength, safety, and a speedy recovery. Miss Universe Jamaica 2025 – Gabrielle Henry @missuniverse #MissUniverse #MissUniverse2025 #MissUniverseJamaica #MissUniverseJamaica2025 #GabrielleHenry #jamaica #preliminary #eveninggown #stage #thailand #nawat #missgrandinternational #scandal #drama #amusestan ♬ original sound – amusestan
Поради нејзината состојба, лекарите изјавија дека таа ќе мора да остане на интензивна нега најмалку седум дена додека лекарите продолжуваат да ја следат нејзината состојба.
Мис Универзум ги замоли сите да продолжат да се молат за Габриел во овој тежок период за неа.
„Ја молиме јавноста да избегнува споделување негативни коментари, шпекулации или дезинформации што би можеле да го доведат семејството во понатамошна неволја. Нашиот примарен фокус останува на нејзиното закрепнување и благосостојбата на нејзиното семејство“, рекоа тие.

