Свет
Израел за ракетниот напад го обвини Хамас: почнува мобилизација, Нетанјаху веднаш се враќа од САД
Израелската армија го обвини исламскoто движење на отпорот Хамас за ракетниот напад врз Израел изведен во утринските часови од Појасот Газа и почна да испраќа војници на границата со Газа, како и да врши мобилизација на резервисти.
Израелската армија објави дека ќе распореди две дополнителни бригади на југoт од земјата и ги повика резервистите по лансираната ракета од Појасот Газа, која погоди куќа во централен Израел, при што беа повредени седум лица.

Портпаролката на армијата им изјави на новинарите во телефонски разговор дека во таа област ќе бидат распоредени уште две дополнителни бригади, пешачка и оклопна, додавајќи дека се повикани припадниците на резервната група за специјални задачи.
Таа рече дека ракетата истрелана од Рафах во јужниот дел од Појасот Газа директно ја погоди куќата во Мишмере, 30 километри североисточно од Тел Авив.
Според армијата, ракетата била произведена од Хамас и има опсег од 120 километри.
Иако палестинските милитанти често лансираат ракети во областите околу Појасот Газа, ретко се случува да погодат далечни области. Растојанието од Мишмере од Појасот Газа е поголемо од 100 километри.
Портпаролката не ги коментира известувањата дека ракетата била случајно лансирана поради лошите временски услови.
Поради ракетниот напад врз Израел од Газа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе ја скрати посетата на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

