Свет
Израел има нов план за Палестинците; Поранешен израелски премиер: Тоа би било логор
Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт за „Гардијан“ изјави дека т.н. хуманитарен град за Палестинците, предложен од израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, ќе биде концентрационен логор.
Тој призна дека Израел веќе извршил воени злосторства во Газа и на Западниот Брег, но верува дека овој потег ќе означи ескалација.
„Тоа би бил концентрационен логор. Жал ми е“, рече Олмерт.
Кац претходно потврди дека кога ќе влезат внатре, на Палестинците нема да им биде дозволено да заминат, освен во други земји. Тој ѝ нареди на војската да почне со изготвување оперативни планови за изградба на хуманитарен град врз урнатините на јужна Газа, првично сместувајќи 600.000 луѓе, а на крајот и целото палестинско население.
„Ако тие (Палестинците) треба да бидат депортирани во нов хуманитарен град, тогаш може да се каже дека тоа е дел од етничко чистење. Тоа би било неизбежното толкување на секој обид за создавање логор за стотици илјади луѓе“, предупреди Олмерт.
Тој не смета дека сегашната израелска кампања претставува етничко чистење бидејќи „евакуацијата на цивилите за да се заштитат од борбите е легална според меѓународното право, а Палестинците се враќаат во областите во кои воените операции се завршени“.
Проектот за таков хуманитарен град е поддржан од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а одбивањето на Израел да се повлече од областа што Кац ја замислува за кампот е камен на сопнување во застојот во разговорите за договор за прекин на огнот, објавија израелските медиуми.
„Кога градат камп во кој планираат да исчистат повеќе од половина од Газа, неизбежната перцепција е дека Палестинците не се спасени, туку депортирани, протерани и отфрлени. Барем јас немам друга перцепција“, забележа Олмерт.
Израелската влада тврди дека планот е наменет за заштита на Палестинците. Израелците кои го опишаа планираниот хуманитарен град како концентрационен логор беа нападнати поради споредби со нацистичка Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ги осуди иранските напади врз заливските држави
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта најостро ги осудува иранските напади врз суверенитетот и територијалниот интегритет на заливските држави.
Како што наведе, нападите насочени кон Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност.
„Секој чекор што води кон ескалација на конфликтот е неприфатлив и дополнително ја зголемува нестабилноста на Блискиот Исток. Безбедноста и стабилноста на регионот се од глобален интерес, а Унгарија поддржува деескалација“, порача Сијарто во објава на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека Унгарија изразува солидарност со своите партнери во регионот, кои, според него, се изложени на континуирани напади.
Свет
(Видео) Израелската армија објави снимка од нов голем напад врз Техеран
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија снимка од воздушен напад врз, како што наведуваат, „штаб на иранскиот терористички режим“ во Техеран.
На видеото се гледа уништување на две згради во иранската престолнина.
Претходно, војската соопшти дека спроведува бран обемни напади врз „цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“.
צפו בתיעוד ראשון מהמטס הרחב של חיל האוויר בלב טהראן
מצורף תיעוד מהדקות האחרונות של השמדת מפקדה של משטר הטרור האיראני בלב טהראן pic.twitter.com/jGSpx0oo2Y
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) March 1, 2026
Свет
(Видео) Експлозии одекнуваат низ Техеран откако Израел најави широк напад во срцето на иранската престолнина
Нови експлозии одекнуваат низ Техеран, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред нешто повеќе од половина час објавија дека почнале напади врз срцето на Техеран.
तेहरान के ऊपर विशाल धुएँ के कॉलम उठ रहे हैं, इज़रायली हमलों के बाद। क्या ये मिडिल ईस्ट का नया युद्धक्षेत्र बन गया? #TehranUnderAttack #IsraelIranWar#Iran #Khamenei #Israel #Tehran #Teheran #IranRevoIution2026 #IranWar pic.twitter.com/IllTWLSKhe
— Mayank Tiwari (@imayanktiwari) March 1, 2026
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата.
Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се отвори патот кон Техеран.
Фото: ЕПА

