Свет
Израел објави кога ќе ја нападне границата со Египет
Израелскиот министер Бени Ганц му постави краен рок до 10 март на палестинскиот Хамас да ги ослободи сите израелски заложници заканувајќи се со офанзива на градот Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци се засолниле од израелските напади. Тел Авив првпат одреди датум кога би можел да испрати војска во палестински град на границата со Египет, каде што се засолниле повеќе од милион палестински цивили, забележува Би-би-си.
„Светот мора да знае, лидерите на Хамас мора да знаат – ако до Рамазан нашите заложници не се вратат дома, борбите ќе продолжат насекаде, вклучително и во областа Рафа“, рече Ганц во неделата. Оваа година рамазан, светиот месец на постот во муслиманскиот свет, почнува на 10 март, забележува Би-би-си.
Израел „ќе ја координира и олесни евакуацијата на цивилите во дијалог со нашите американски и египетски партнери со цел да се минимизираат цивилните жртви“, додаде министерот.
Спомнувањето на Египет од страна на министерот може да ги поттикне шпекулациите дека Израел очекува некои Палестинци да се обидат да побараат засолниште на египетската страна од границата, каде што се чини дека властите поставуваат голема оградена област за таа цел, јави дописникот на Би-би-си за дипломатски прашања, Пол Адамс.
Но, израелските власти сè уште не објавија детали за планот за евакуација, додаде дописникот на Би-би-си. До почетокот на рамазан остануваат уште точно три недели, а бегалците сѐ уште се во Рафа, само неколку од нив се упатиле кон запад, кон брегот, јавува Би-би-си.
И покрај меѓународниот притисок, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави копнен напад врз Рафа, кој треба да ги елиминира членовите на Хамас, јавува Би-би-си.
По упадот на Хамас на израелска територија, во кој загинаа 1.200 луѓе, израелските вооружени сили го нападнаа Појасот Газа. Досега во израелските воени операции се убиени повеќе од 28.400 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 68.000 се ранети, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Египет подготвува област по должината на границата со Газа што може да се користи како прифатилиште на Палестинците доколку израелската офанзива предизвика егзодус преку границата, изјавија четири извори за „Ројтерс“ опишувајќи ја можноста како резервен план на Каиро.
Египет, кој негира какви било подготовки во оваа насока, постојано предупредуваше на можноста израелската офанзива на Газа да резултира со раселување на Палестинците на Синај, што Каиро го смета за целосно неприфатливо. Слични предупредувања испратија и други арапски земји, вклучително и Јордан. САД постојано го повторија своето противење на какво било раселување на Палестинците од Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

