Свет
Нобеловецот Смит: Израел продолжува со инвазија во Палестина
Израел продолжува со инвазија на територијата на Палестина со што ги крши меѓународните закони, вели Нобеловецот за хемија во 2018.
Џорџ П. Смит, професор емеритус по природни науки на Универзитетот „Мизури-Колумбија“ во САД, беше во посета на Стокхолм, каде што учествуваше на свеченоста за доделување на Нобеловата награда. Проф. Смит говореше на конференција организирана од Асоцијацијата на Палестинците, формирана од група академци во Шведска, кои својата работа ја посветиле на палестинското прашање.
„Народите на Палестина и на Израел треба да ги имаат истите права и еднакво да живеат на своите територии како две посебни земји,“ вели Смит.
Смит посочува дека и покрај тоа што Израел не ги почитува правилата и не дозволува, Палестинците мора да се вратат на окупираните територии и да си ги повратат своите права.
Тој нагласува дека активностите на Израел во Палестина се неприфатливи.
„Израел не врши притисок само на палестинскиот народ. Земјата врши притисок и врз еврејскиот народ кој е против погрешните политики на Израел“, вели Смит и додава дека Израел мора да стави крај на овие активности.
Нобеловата награда за хемија во 2018 беше поделена меѓу двајца добитници. Една половина замина кај Францис Х. Арнолд, член на Националната академија на науките, Националната академија на инженерство и Националната академија на медицината – доделена за создавање нови ензими, а втората половина им беше доделена на Смит и Грегори П. Винтер за нивните откритија во истражувањето пептиди и антитела.
Весниците во Израел објавија сторија во која изразија жалење поради доделувањето на Нобеловата награда на антиизраелски и пропалестински активист.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Белград се урна напуштен двокатен објект
Дел од напуштен двокатен објект се урна попладнево во Белград и според службите за справување во итни случаи, нема повредени.
Шефот на Одделот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека стар напуштен двокатен објект се урнал на улицата „Џорџ Вашингтон“ во Белград околу 13:30 часот и дека е урнато градежно скеле што било наслонето на објектот.
Тој додаде дека според моментално достапните информации, нема повредени, ниту жртви.
При уривањето уништени се четири возила паркирани пред двоспратниот објект.
Во моментот се уште се врши пребарување на теренот каде се урнал објектот.
Опозициски партии упатија критики до градските власти и побараа оставка од градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.
Свет
Прекинот на струја во Киев го запре железничкиот сообраќај
Прекинот на електричната енергија во Киев го запре железничкиот и метро сообраќајот и ескалаторите низ целиот град, соопштија градските власти на социјалните мрежи.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подземните метро станици сега функционираат како засолништа.
– „Во Киев, како и во многу градови во Украина, имаше итни прекини на електричната енергија. Сообраќајот во метрото беше запрен поради низок напон во електричната мрежа. Подземните метро станици моментално можат да работат само како засолништа, на резервна електрична енергија, соопшти Кличко на Телеграм.
Технички прекини на два далноводи што ги поврзуваат Украина, Молдавија и Романија денеска доведоа до прекин на електричната енергија на украинската мрежа, соопшти украинското Министерство за енергетика и потврди дека во најмалку три региони и главниот град Киев имало итни исклучувања.
Свет
Речиси половина Германци во текот на животот заболуваат од рак
Во текот на животот речиси секој втор граѓанин на Германија заболува од рак, објави денеска државниот имунолошки завод „Роберт Кох“ во Берлин.
– Кај 49 проценти од мажите и 46 проценти од жените во текот на животот се дијагностицира рак, објавено е во редовното издание на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) во пресрет на денот за борба против ракот, 4 февруари.
Според истите податоци, секоја шеста жена и секој седми маж од рак заболуваат пред својата 65-та година.
Според податоците за 2023 година, од околу половина милион дијагностицирани нови случаи на рак, најголемиот број отпаѓа на рак на простата, по што следуваат ракот на дојка, бели дробови и дебело црево.
Истата година од рак починале 230.000 лица.
Истовремено, како што објави РКИ, стапката на смртност на заболените од рак во последните 25 години значително е падната, кај мажите за 30, а кај жените за 20 проценти.
Секоја година во пресрет на Светскиот ден за борба против ракот, РКИ објавува статистики со цел подобра превенција на заболувањата и поттикнување на свеста кај граѓаните.

