Свет
Израел се приклучи на меѓувладиното финансиско тело ФАТФ
Израел е прифатен како член на глобалното меѓувладино тело посветено на борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот, пренесува РТ. Овој чекор би можел да му помогне на Израел да влијае врз политиката против регионалните непријатели, објави Министерството за правда.
Оперативната група за финансиска акција (ФАТФ) го потврди вклучувањето на Израел како 38. членка. Израелскиот противкандидат Иран е под лупа од организацијата со седиште во Париз, пренесува „Ројтерс“.
Израел, исто така, лобираше кај светските сили да помогнат во намалувањето на финансирањето на Хезболах и Хамас, неговите либански и палестински непријатели.
Шломит Вагман-Ратнер, шеф на Одделот за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот во израелското Министерство за правда, рече дека пристапувањето во ФАТФ е национална стратешка цел. Таа ќе му овозможи на израелскиот финансиски сектор полесно да функционира во меѓународната економија, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

