Свет
Израел ја блокира испораката на помош за Газа, соопшти египетското МНР
Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека Израел предизвикува „големи логистички проблеми“, што го блокира доставувањето на витална хуманитарна помош во Газа.
Камиони полни со помош чекаат на преминот Рафа, кој е на границата меѓу Египет и Газа.
„Жално е што процесот на транспорт на помош во Појасот Газа се соочува со големи логистички проблеми наметнати од израелската страна“, изјави портпаролот на египетското Министерство за надворешни работи.
Ова доаѓа во време на светските повици за привремена пауза во непријателствата за да се овозможи пристап до помошта до опколените цивили во Појасот Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бања Лука ќе ја дочека Новата година без огномет – загадениот воздух ги менува празничните навики
Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, најави нов сет мерки за борба против загадувањето на воздухот, меѓу кои и одлука оваа година да нема новогодишен огномет, пренесува Klix.ba.
Како што изјави Станивуковиќ, одлуката е донесена по консултации со стручни лица, поради сериозната состојба со загадениот воздух во градот. Потврдено е и дека за време на новогодишните празници нема да се користи пиротехника, бидејќи дополнително ја нарушува квалитетата на воздухот.
Меѓу најавените мерки е и задолжителна вградба на филтри на оџаците, со можност тие да бидат субвенционирани. Градот планира и воведување електрични автобуси, зголемување на субвенциите за јавниот превоз, како и построги технички прегледи на возилата.
Станивуковиќ најави засилени инспекциски контроли на сите потенцијални загадувачи и продолжување на зелените проекти, како садење дрвја, зелени бариери и проширување на системот за централно греење.
Тој истакна дека чистиот воздух не е политичко, туку здравствено прашање и повика на соработка со институциите за долгорочни решенија.
Фото: pexels
Свет
(Видео) Дубаи постави нов рекорд: Пентхаус продаден за 127 милиони евра
Дубаи постави нов рекорд на пазарот на недвижности со продажба на најскапиот пентхаус на Блискиот Исток, вреден 550 милиони дирхами (околу 127 милиони евра). Луксузниот пентхаус се наоѓа во комплексот Bugatti Residences во деловната зона Business Bay, објави Анадолу.
Со оваа трансакција е постигната и највисока цена по квадратен метар досега во тој дел од градот – околу 27.000 евра по квадрат, што дополнително ја зацврстува позицијата на Дубаи како глобален центар за ултралуксузни недвижности.
Пентхаусот се простира на 4.385 квадратни метри и е дел од првиот станбен комплекс во светот под брендот Bugatti. Проектот веќе привлече и познати личности, меѓу кои Нејмар, Андреа Бочели и Ајмерик Лапорт.
Компанијата Binghatti, инвеститор на проектот, соопшти дека оваа продажба ја потврдува водечката улога на Дубаи на светскиот пазар на луксузни недвижности и интересот на глобалната елита за ексклузивни резиденции во градот.
Свет
Германија испраќа војници на истокот на Европа
Германија ќе распореди војници од Бундесверот за да ѝ помогне на Полска во обезбедувањето на нејзината источна граница со Белорусија и руската енклава Калининград, објави Дојче Веле.
Како што соопшти германското Министерство за одбрана, станува збор за неколку десетици војници кои ќе учествуваат во полската операција „Источен штит“. Нивната задача ќе биде од исклучиво одбранбен карактер и ќе вклучува инженерски активности како копање ровови и поставување бодликава жица и противтенковски пречки. Распоредувањето треба да започне во април 2026 година, а мисијата е планирана да трае до крајот на 2027 година.
Од Министерството појаснија дека за оваа мисија не е потребно одобрување од германскиот парламент, бидејќи според законот не се смета за вооружена странска операција.
Фото: depositphotos

