Свет
Илон Маск на „Твитер“: Не паничете за коронавирусoт, тоа е глупост

Шефот на „Тесла“ и „СпејсX“, Илон Маск, смета дека паниката од коронавирус е глупост.
The coronavirus panic is dumb
— Elon Musk (@elonmusk) March 6, 2020
Епидемијата на коронавирус почна во Вухан,Кина. Бројот на заразени во 108 земји и региони се искачи на повеќе од 110.000, додека бројот на починати е над 3.800. Огромно мнозинство на заразени и починати лица се во Кина.
Во САД, каде што живее Маск, досега се пријавени над 560 пациенти и повеќе од 20 смртни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хамас тврди дека убил неколку израелски војници во заседа во северна Газа

Палестинската милитантна група Хамас денес соопшти дека нејзините борци убиле и раниле неколку израелски војници во напади во северниот дел на Појасот Газа.
Военото крило на групата, Бригадата Касам, во соопштението наведе дека тројца војници биле убиени и ранети во заседа во округот Шеџаја на 5 јули. Борците на Хамас, исто така, погодиле израелска единица со противпешадиски гранати на 7 јули, при што исто така убиле и раниле голем број војници.
Палестинската група додаде дека израелски команден центар и тенк Меркава биле погодени од противтенковски гранати во истата населба. Хамас објави детали за нападот откако неговите борци се вратиле од бојното поле. Израелската војска сè уште не го коментирала соопштението на Хамас.
И покрај повеќе од 21 месец од почетокот на израелската офанзива врз Газа во октомври 2023 година, палестинските вооружени фракции продолжуваат да изведуваат добро испланирани заседи во областа, нанесувајќи им жртви на израелските сили.
Официјалните воени бројки покажуваат дека израелската армија изгубила 898 војници од почетокот на војната во Газа, додека 6.190 се ранети. Под строга воена цензура, израелските медиуми ја обвинија армијата дека го намалува вистинскиот обем на загубите со цел да се одржи јавниот морал.
Во петокот, израелскиот кабинет за безбедност го одобри фазниот план на премиерот Бенјамин Нетанјаху за окупирање на цела Газа. Првата фаза вклучува насилно раселување на околу еден милион жители од Газа на југ, опкружување на градот и влегување во станбени области. Втората фаза предвидува заземање на централните бегалски кампови, од кои многу веќе се уништени за време на речиси двегодишната војна, во која се убиени повеќе од 60.000 луѓе.
фото: принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин
Европа
Туск: Путин користи идиоти за да посее раздор меѓу Киев и Варшава

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека рускиот претседател Владимир Путин оркестрира обиди за создавање поделби меѓу Украина и Полска. Туск предупреди дека иако решението за војната во Украина можеби се приближува, Русија прави сè што може за да посее раздор меѓу Киев и Варшава.
Во остра порака, Туск нагласи: „Анти-полските гестови на Украинците и поттикнувањето анти-украински расположенија во Полска се сценарио на Путин, оркестрирано од странски агенти и локални идиоти. Секогаш истото“.
Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, Полска е еден од најважните и најверни сојузници на Украина. Сепак, кај некои делови од полското население расте незадоволството поради големиот број бегалци од соседната, воено разорена земја.
Овие тензии кулминираа со неодамнешен инцидент. На 9 август, најмалку 57 украински државјани беа наводно уапсени и депортирани од Варшава откако избувнаа немири на концерт на белоруски рапер.
фото: принтскрин