Свет
Илон Маск си ја врати титулата најбогат човек на светот
Американскиот мултимилијардер Илон Маск повторно си ја врати титулата најбогат човек на светот, објави „Форбс“. Маск се искачи на првото место благодарение на зголемувањето на акциите на „Тесла“.
Неговото богатство денеска се зголеми за уште 4,1 милијарди долари, односно за повеќе од 1,75 отсто и сега изнесува 240,7 милијарди долари.
Акциите на „Тесла“ утрово се зголемија повеќе од 2,5 отсто, на нешто повеќе од 266 американски долари. Тоа беше закрепнување по остриот пад на вредноста на акциите минатата недела. Нето-вредноста на Маск сега ја надмина онаа на Бернар Арно, извршен директор на францускиот производител на луксузни производи LVMH.
„Луј Витон“, „Кристијан Диор“ и „Тифани“ се во сопственост на LVMH. Нето-вредноста на Арно денеска потона за 2,4 милијарди долари или повеќе од 1 отсто, на 234,9 милијарди долари. Сето ова се случи поради падот на вредноста на акциите на LVMH.
Инаку, Маск вчера ги претстави долгоочекуваните промени на „Твитер“, социјалната мрежа што ја купи во октомври минатата година за 44 милијарди долари. Тој го смени логото на компанијата од сина птица во буквата Х. Рече дека споменатата буква за него има посебно значење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.
– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.
Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.
– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.
– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.
Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.

