Свет
„Имаме успех на југоисточниот фронт“ – Украина тврди дека освоила територии и се водат жестоки борби кај Бахмут

Украинската армија тврди дека постигнала поголем успех во контраофанзивата на југоисточниот фронт денеска, еден ден откако објави дека ја презела контролата врз селото Урожане во областа Доњецк, кое било едно од упориштата на руските сили.
Воениот портпарол Андриј Ковалиов изјави дека украинските сили напредуваат јужно од тоа село, кон Азовското Море, пренесува „Ројтерс“.
Тој исто така рече дека жестоки борби се водат во североисточниот дел на регионот Харков недалеку од Бахмут, град кој руските сили го зазедоа во мај по неколкумесечни крвави борби.
„Украинските сили продолжуваат со офанзивните дејства јужно од Бахмут“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Првиот патнички воз без возач, пуштен во употреба во Европа

Чешка го лансираше првиот патнички воз без возач во Европа што сообраќа на отворена железничка пруга.
Автономниот воз се движи по рута од 24 километри (15 милји) на северот од земјата. За разлика од повеќето автономни возови, кои сообраќаат само во затворени системи како што се метро или аеродромски превоз, овој е дизајниран за железници во реални услови.
Возот без возач, развиен од чешката технолошка фирма AZD Praha, се вика „Едита“ и е опремен со камери, лидар, ласерски скенери, дигитално мапирање и вештачка интелигенција за контрола на влечење и сопирање и откривање на пречки.
За време на тестирањето, „Едита“ забавила поради зајак на пругата и застанала поради стадо овци, покажувајќи ја својата способност да се прилагоди на неочекувани ситуации.
Од почетокот на тест патувањето, тој превезе луѓе вкупно на околу 1.700 километри, пренесуваат медиумите во регионот.
Фото: принтскрин
Регион
Детали за пукањето во Белград: Напаѓачите дошле со комбе до кафулето и почнале да пукаат кон гостите

Репортерка на „Н1 Белград“ од Вишњичка бања, каде денеска околу 14:30 часот се случи пукање во кое пет лица беа ранети, јави дека едно комбе дошло по Сланачки пат до локалниот бар и почнало да пука по присутните.
Претходно повеќе медиуми објавија дека починала жена, но според информациите од српската полиција, петмина се повредени. „Еуроњуз“ јави дека жената била донесена во болница без знаци на живот, но спасена е со реанимација. Во моментот се наоѓа во тешка состојба.
На местото на настанот има полиција и форензичари, а полицајците ги замолиле медиумските екипи да се оддалечат бидејќи е во тек увид.
Според жителите, кафулето е познато по тоа што таму се собираат и навивачи, а во него има и простор наменет за деца.
Не е познато дали во моментот на пукањето имало деца во кафулето, но жители и очевидци изјавиле дека на автобуската станица имало голем број деца кои се уплашиле и се разбегале, и додале дека долго се чекало на пристигнувањето на итната помош.
Жителите посочиле дека последните месеци имале големи проблеми со навивачки групи, за што редовно пријавувале во полиција. Полицијата и обвинителството реагирале кога медиумите укажувале на тоа.
„За нив ова е шокантно, но не толку изненадувачко, затоа што навивачките групи одамна прават проблеми,“ јави репортерката на „Н1“.
Засега нема официјални информации за мотивот за пукањето, а српски „Телеграф“ пишува дека станува збор за пресметка меѓу навивачи.
Регион
„Се пукаше од повеќе страни, луѓето се разбегаа“: Во пукање во Белград петмина ранети

Пет лица се повредени во пукање што се случи околу 14:25 часот во белградската населба Вишњичка бања.
Според официјалните информации, повредени се тројца мажи и две жени, а пукањето се случило во угостителски објект.
Сите се хоспитализирани.
Сведок на настанот во изјава за „Нова.рс“ рекол дека напаѓачите го опколиле кафулето и дека, во моментот кога отвориле оган, настанал општ хаос, бидејќи на улицата се нашле неколку минувачи.
Сведокот, со кого новинарот разговарал на лице место, рекол дека сè се случило околу 14:30 часот, кога излегол да земе нешто од автомобилот.
„Одеднаш слушнав пукање. На почетокот не знаев што се случува, но кога видов, се сокрив. Се пукаше од повеќе страни, трчаа оддолу и од оваа страна, близу кафулето. Имаше луѓе на улица и на автобуската станица, сите избегаа“, рекол соговорникот.
„Имаше седум или осум истрели, беа поединечни.“
Сепак, рекол дека не знае што би можел да биде мотивот за ова пукање.
„Сите ние што живееме во близина седиме овде. Тука има и детска игротека, за време на викенд има многу деца. Немало проблеми од отворањето,“ додал сведокот.
Голем број полициски службеници се на местото на настанот и потрагата по напаѓачите е во тек.
Фото: колаж/нова.рс