Свет
Индискиот премиер Моди постигна историска победа на изборите
На општите избори победи Индиската народна партија (БЈП) на премиерот Нарендра Моди, рече функционерката на таа партија и министерка за надворешни работи, Сушма Свараџ.
„Му честитам на премиерот за оваа голема победа на БЈП. Благодарна сум им на луѓето во Индија“, рече Свараџ, според „Ројтерс“.
Во исто време регионалниот водач на главната опозициска Конгресна партија, Амариндер Синг, го призна поразот на неговата партија.
„Ја изгубивме битката“, изјави Синг, кој е премиер на сојузната држава Пенџаб, за телевизијата „Индија тодеј“.
Гласањето на општите избори во Индија заврши на 19 мај со седмата и последна фаза, која траеше повеќе од пет недели.
Изборите се сметаа за референдум за Моди и БЈП, кој усвои националистички тон во обид да ги добие гласовите на хиндуистичкото мнозинство во земјата заземајќи остар став против Пакистан.
Изборната комисија на Индија ќе ги објави конечните резултати од општите избори во текот на денот.
Според агенциите, Моди и неговиот БЈП се на пат да освојат мнозинство во долниот дом на индискиот парламент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Зеленски ги критикуваше европските лидери: „Дали Трамп воопшто ќе ве забележи?“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди европските лидери дека Доналд Трамп ќе ги игнорира доколку континентот не се грижи повеќе за сопствената одбрана. Зеленски инсистираше на тоа дека Европа мора да стане понезависна од Вашингтон бидејќи не постои гаранција дека неговиот американски колега е посветен на НАТО алијансата.
„Дали претседателот Трамп воопшто ќе ја забележи Европа? Дали го гледа НАТО како неопходност? И дали ќе ги почитува институциите на ЕУ“, праша Зеленски во говорот на Светскиот економски форум во Давос.
Зеленски го опиша својот остар говор како повик за будење до европските лидери, вклучително и оние во Британија и Франција. Зеленски тврди дека Европа мора да стори повеќе за да докаже дека може да застане на свои нозе и да биде „силен глобален“ играч и „незаменлив“ на светската сцена.
„Поголемиот дел од светот сега размислува: Што ќе се случи со нашиот однос со Америка, што ќе се случи со сојузите, трговијата? Како претседателот Трамп сака да ја заврши војната?… Но, никој не ги поставува овие прашања за Европа“, рече тој.
Zelensky at the Davos Economic Forum:
"The US doesn't care whether the EU will continue to be their ally. Washington doesn't believe that Europe can bring the US anything truly significant," Zelensky said
That is, the entire West will be represented by the US and they will… pic.twitter.com/2HGvVUb0gJ
— Victor vickop55 commentary (@vick55top) January 21, 2025
„Кога ние во Европа гледаме на САД како наш сојузник, јасно е дека тие се незаменлив сојузник. Во време на војна, сите се прашуваат дали САД ќе застанат покрај нив… Но, дали Американците се прашуваат дали Европа еден ден ќе се откаже од нив или ќе престанат да бидат нивни сојузник? Одговорот е не“, додаде тој.
„Европа не може да си дозволи да биде втора или трета по ред пред своите сојузници. Ако тоа се случи, светот ќе почне да се движи без Европа, а тоа би бил свет што не би бил пријатен или корисен за сите Европејци“, рече тој на собирот во Давос.
Европа
Италијански студенти го обесија наопаку ликот на Маск на плоштад во Милано
Лево-ориентираните италијански студенти вчера го обесија наопаку ликот на Илон Маск на Пјацале Лорето, познатиот плоштад во Милано каде што телото на Бенито Мусолини беше обесено и осквернавено во 1945 година. Овој чин беше реакција на наводниот фашистички поздрав што најбогатиот човек на светот го изведе за време на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.
Маск, шефот на Тесла, Икс и Спејс Икс, кој треба да раководи со новата владина канцеларија за ефикасност под Трамп, изврши два поздрави со испружена рака по говорот на Трамп за инаугурација за вториот мандат.
Одговарајќи на бранот критики за овие гестови, Маск изјави: „Искрено, им требаат подобри валкани трикови. Нападите од типот ‘сите се Хитлер’ се веќе толку истрошени“.
Студентите од колективот Cambiare rotta (Да го промениме правецот), кои се нарекуваат организација на млади комунисти, реагираа со поставување на кукла со лицето на Маск, направена од вреќа, која ја закачија наопаку на ограда во Пјацале Лорето.
Тие порачаа на социјалните мрежи: „Секогаш има место во Пјацале Лорето, Илон…“
Свет
На „поздравот“ на Маск реагираше германскиот канцелар, Маск одговори: Срам да ти е, Оаф Шиц
Бројни јавни личности ширум Европа изразија гнев поради гестот на Илон Маск, кој потсетуваше на нацистички поздрав. Додека некои го гледаа овој гест како злонамерна провокација, други го протолкуваа како израз на солидарност со екстремно десничарските групи.
Мишел Фридман, истакнат германско-француски публицист и поранешен заменик-претседател на Централниот совет на Евреите во Германија, ги нарече постапките на Маск „срамни“ и дека претставуваат „опасност за целиот слободен свет“. Фридман, чие семејство загина во Холокаустот, изјави за Тагесшпигел, пренесува Кликс, дека бил шокиран кога во живо ја гледал инаугурацијата на Доналд Трамп, за време на која, како што тврди, Маск недвосмислено извел нацистички поздрав.
I think folks have forgotten what a "Sieg Heil" from actual Hitler looks like… because it's not the neo-nazi straight in front of you… it's a bit off to their right.
It's exactly what Musk specifically did.
So, he went a bit off to the right two ways.
*This is of course… pic.twitter.com/AVAc4NtgHr
— Don Ford – The People's Strategist – (@DonEford) January 21, 2025
Шарлот Кноблох, претседател на Еврејската заедница во Минхен и Горна Баварија, ги опиша постапките на Маск како „многу иритирачки“. Таа додаде дека е уште позагрижена за неговите политички активности, вклучувајќи ја и неговата поддршка за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) пред федералните избори.
„Далеку поопасно е мешањето на Маск во германската политика и поддршката за партија чии антидемократски цели не треба да се потценуваат“, предупреди Кноблох.
Германскиот канцелар Олаф Шолц исто така го осуди однесувањето на Маск, нарекувајќи ја неговата поддршка за крајната десница неприфатлива. Шолц повика на смиреност како одговор на контроверзната администрација на Трамп и провокациите на Маск.
Shame on Oaf Schitz! https://t.co/xtdW8D6FTo
— Elon Musk (@elonmusk) January 21, 2025
Маск одговори во свој стил на Икс со погрден коментар за Шолц, нарекувајќи го „Оаф Шиц“, што многумина го протолкуваа како навредлива игра на зборови.
Берлинскиот судија Каи-Уве Хербст изјави за Берлинер цајтунг дека гестот на Маск може да се смета за доволен доказ за покренување обвиненија според германските закони, но додаде дека злонамерната намера ќе треба да се докаже. Адвокатот Бенедикт Мик истакна дека конечната пресуда ќе зависи од севкупниот контекст на настанот.