Свет
Индија: Луѓето ги ризикуваат своите животи за да добијат вода
Видеото на кое се гледа како жена се качува на ѕидот на бунар за да стигне до водата, го истакна акутниот недостиг на најскапоцениот природен ресурс во неколку области на централната индиска држава Мадја Прадеш, пренесува Би-би-си.
Ова видео со голем број прегледи на интернет прикажува жена без соодветна опрема, појас и јаже како се спушта во бунар за да пристапи до водата.
Луѓето во селото Гусија беа принудени да преземат такви екстремни мерки откако бунарите и езерцата пресушија, а неколку други области низ Индија се соочуваат со слична криза, јавува Би-би-си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото) 24-годишник застрелан пред зграда во Белград, се бори за живот. напаѓачот е во бегство
Во Белград е во тек голема полициска потрага откако 24-годишен маж беше застрелан на Канарево Брдо во неделата. Напаѓачот го пречекал пред зградата каде што живее, а тешко повредениот млад човек е во критична состојба и лекарите се борат за неговиот живот, пишува Телеграф.рс.
Според сведоците, напаѓачот носел перика и бил виден во близина на зградата еден ден пред пукањето. Го застрелал младиот човек во градите додека се приближувал кон својот автомобил, а потоа избегал. Тешко повредениот 24-годишник бил итно примен во болница каде што бил опериран, но неговата состојба останува критична.
Белградската полиција започна голема операција наречена „Вихор 3“ во потрага по сторителот. Според Телеграф, напаѓачот наводно од претходно ѝ е познат на полицијата поради принуда и нанесување полесни повреди.
Пукањето предизвикало паника во соседството, особено затоа што во времето на нападот имало многу деца надвор. Мотивот за нападот сè уште е непознат, а истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Белград.
фото: принтскрин
Свет
Поранешен командант на британската морнарица: Русија би изгубила од НАТО во војна од големи размери
Поранешниот командант на британската морнарица, лорд Алан Вест, денес предупреди дека рускиот напад врз Украина ризикува да се претвори во целосен конфликт со западниот одбранбен блок и дека Велика Британија веќе „всушност е во војна со Русија“.
„Доста е тешко да се види како некој ќе излезе од овој конфликт бидејќи не сакаме целосна војна меѓу НАТО и Русија. Русија би изгубила – а опасноста од нивна загуба е прашањето дали потоа би ја направиле таа глупава грешка со нуклеарното оружје“, рече тој, објавува Дејли меил.
Поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, кој се појави во истиот подкаст, силно предупреди дека Велика Британија не е доволно подготвена за конфликт.
Свет
Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава-Лублин е саботажа
Експлозија што претставува чин на саботажа ја уништи железничката пруга Варшава-Лублин во неделата, изјави денес полскиот премиер Доналд Туск.
„На линијата Варшава-Лублин (селото Мика) се случи чин на саботажа. Експлозијата на експлозивна направа ја уништи железницата“, напиша Туск на X, пренесува ПАП.
Во неделата наутро, машиновозачот пријавил неправилности на железничката инфраструктура во областа Жичина по телефон, а според полицијата во тој округ, прелиминарниот преглед на пругата открил оштетување на еден дел, кое било предизвикано од експлозија.
Фото: принтскрин

