Свет
Индија разнесе свој хеликоптер обидувајќи се да собори пакистански авиони, 7 загинати
Во сцена како од „Toп ган“, Индија соборила свој хеликоптер со проектили насочени кон пакистанските авиони што навлегле во нејзиниот воздушен простор, пренесува РТ.
Малку повеќе од еден месец како индиските власти тврдеа дека откриле 25 пакистански борбени авиони што се обидувале да го нарушат индискиот воздушен простор, одбранбена ракета лансирана за време на инцидентот сериозно ја промашила својата цел.
Индиски „Економик тајмс“ објави дека ракетата била истрелана кусо пред да падне хеликоптерот „ми-17 V5“м кој бил на рутинска мисија, што доведе до шпекулации дека Индија случајно го уништила сопственото летало. Шест војници на воздухопловните сили беа убиени во несреќата, а еден цивил загина кога беше погоден од остатоците од леталото.
„Последните моменти пред падот, вклучувајќи ги го фактот дали биле вклучени системите ИФФ, внимателно се разгледуваат за да се утврди што тргнало наопаку“, објави „Економик тајмс“.
Нивните извори велат дека е можно дефектот да резултирал со грешка во системите за таргетирање, кои погрешно го замениле хеликоптерот со беспилотно летало за напад. Очевидците исто така чуле гласна експлозија во воздухот во времето кога паднал хеликоптерот.
Големиот хеликоптер „ми-17 V5“, вреден 17 милиони долари, не појавува сериозни технички грешки. Опремата е исто така прилично нова – првиот хеликоптер беше ставен во употреба во 2012 година.
Освен можноста од технички дефект кај ракетата произведена во Израел, високи извори во воздухопловните сили испитуваат дали е одговорен некој од персоналот, кој во таков случај би одговарал пред воен суд поради фаталната грешка.
Наводниот прекуграничен воздушен напад се случил еден ден по индискиот воздушен напад врз осомничена терористичка инфраструктура на територијата на Пакистан.
Индија одамна го обвини Пакистан дека е засолниште на милитантите од терористичката група Џаиш-е-Мохамед (ЈеМ), осомничена за бомбашкиот напад во кој загинаа 44 члена на Централната полициска резерва претходно годинава.
Исламабад негира дека JeM има инфраструктура поставена во областите што Њу Делхи ги посочи како можни локации на терористички кампови за обука, па дури и понуди да им дозволи на индиските службеници сами да ги проверат сомнителните локации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

