Свет
Индија ќе прати човек во вселената во 2022 година
Индија ќе прати човек во вселената во 2022 година, изјави индискиот премиер Нарендра Моди во говорот по повод Денот на независноста.
„Индија во 2022 година ќе прати маж или жена во вселената, но и пред тоа ако е возможно“, рече Моди во Њу Делхи.
Премиерот додаде дека неговата земја би била четврта по Русија, САД и Кина, која самата би го остварила овој научен и технички потфат. Индија во последните 10 години значајно го зголеми вложувањето во вселенската програма започната во 1960 година.
Индиската организација за истражување на вселената минатата недела соопшти дека планира да испрати мисија на Месечината во јануари 2019 година.
Денот на независноста на Индија се одбележува на 15 август кога во 1947 година стапи во сила актот за независност на Британската Индија, со кој по 180 години колонијално владеење на Велика Британија, се формирани индиската унија и Пакистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

