Свет
Индонезија: Mалолетничка осудена на затвор поради абортус, ја силувал нејзиниот брат
Индонезијка на 15-годишна возраст, која ја силувал нејзиниот брат е осудена на шест месеци затвор поради абортус.
Заменикот на шефот на полицијата во провинцијата Џамби рече дека девојчето и нејзиниот брат биле осудени во четвртокот.
Братот на возраст од 18 години, е осуден на две години затворска казна поради сексуален престап со малолетничка.
Обвинителите бараа една година затвор за девојчето и седум за нејзиниот брат.
Пред судот стана јасно дека девојчето било силувано осум пати од септември.
Во мај, група селани пронајдоа фетус без глава во близина на плантажа за палми. Нивната мајка е обвинета за помагање при вршењето на абортусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Некои советници му предлагале на Трамп порано да прогласи победа на изборите
Некои од советниците на Доналд Трамп сугерираат дека ако тој има значително водство во клучните држави како Пенсилванија на изборната ноќ, би можел да размисли за предвремено прогласување на победата, иако не е јасно дали ќе го следи тој совет.
Според извори блиски до Трамп, некои веруваат дека тој би можел да го стори тоа ако има водство од неколку стотици илјади гласови или ако неговите анкетари сметаат дека победата е многу веројатна, дури и ако резултатите не се целосно потврдени до вечерта.
Сепак, дури и блиските сојузници на Трамп, како што е поранешниот стратег на Белата куќа, Стивен Банон, му предложија да се воздржи од изјави ако трката е премногу блиска за да избегне критики.
Кампањата на Трамп проектира доверба во победата, што ги зголеми очекувањата кај неговите поддржувачи. Секое предвремено објавување на победа може дополнително да ги зајакне наводите за нефер изборни резултати во случај на пораз.
Свет
Се шират лажни видеа за терористички закани и изборни измами, објави ФБИ
ФБИ ги предупреди Американците за две нови лажни видеа во кои се наведуваат терористички закани и изборни измами, последна во низата дезинформации што властите очекуваат дека ќе се зголемат додека гласачите се упатуваат кон гласачките места на денот на изборите.
Едно измислено видео за кое се тврди дека е испратено од полицијата зборува за терористичка закана и ги повикува Американците „да гласаат од далечина“. На друго е лажно соопштение за печатот во кое ФБИ зборува за наводно наместено гласање во пет затвори.
„Двете снимки не се автентични“, соопшти ФБИ.
Официјални лица на сите нивоа на власт со недели ги предупредуваат Американците за обиди да го поткопаат изборниот процес со лажни информации. ФБИ ги повика гласачите да бараат веродостојни информации од доверливи извори.
Свет
(Видео) Трамп гласаше: Слушам дека ни оди многу добро
Доналд Трамп денеска гласаше на Палм Бич, Флорида, придружуван од сопругата Меланија.
По гласањето, тој го изрази своето задоволство од големиот одѕив, велејќи дека е многу почестен поради долгите редици. Тој додаде дека се чувствува многу сигурен за исходот од изборите, нагласувајќи дека републиканците покажуваат сила и дека слуша дека многу добро им оди.
На прашањето за можноста ниту тој ниту Камала Харис да достигнат 270 електорски гласови до крајот на вечерта, Трамп одговори дека „такво нешто никогаш не треба да се случи“.
🚨BREAKING: President Trump votes in Florida on election day #Election2024 #ElectionDay #Trump2024 pic.twitter.com/bTFXkqOVBX
— AJ Huber (@Huberton) November 5, 2024