Свет
Иранскиот министер: Наместо Палестинците во Јордан и Египет, испратете ги Израелците на Гренланд
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, го критикува планот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Појасот Газа во Египет и Јордан и како одговор предложи Израелците да се преселат на Гренланд.
„Мојот предлог е поинаков. Наместо Палестинците, протерајте ги Израелците и испратете ги на Гренланд, па со еден удар решавате две работи“, рече Арагчи во ексклузивно интервју за „Скај њуз“.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој првично предложи купување на Гренланд за време на својот прв мандат, ја повтори идејата откога повторно ја презеде функцијата.
Во саботата американскиот претседател откри дека разговарал со јорданскиот крал Абдула Втори за изградба на станбени единици за преселување на повеќе од милион Палестинци од Газа во соседните земји. Тој исто така рече дека планира да разговара на истата тема со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси в недела.
Предлогот беше отфрлен однапред од Палестинската управа (ПА) со седиште во Рамала наведувајќи дека тоа ќе ги прекрши нивните црвени линии.
„Зборуваме за еден и пол милион луѓе и само би ја исчистиле целата таа област“, им рече Трамп на новинарите во текот на викендот.
Овие коментари доаѓаат по договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците за кој заеднички преговараа новата администрација на Трамп и администрацијата на Џо Бајден меѓу Израел и Хамас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Расте бројот на повредени во рускиот напад врз Киев
Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ.
„Вкупниот број на повредени во главниот град сега е 19, од кои 11 се хоспитализирани“, напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм.
-Има и штети на станбени згради, градилишта и претпријатија. Како резултат на нападите, една третина од Киев остана без греење, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха.
Русија синоќа нападна неколку региони, вклучувајќи ги Черниговската, Николаевската, Харковската и Житомирската област.
Свет
Белата куќа ја потврди средбата на Трамп со Зеленски за утре
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски утре на Флорида, соопшти Белата куќа.
Според распоредот на американскиот претседател, билатералните разговори ќе се одржат во 15 часот по локално време во Палм Бич, Флорида.
Белата куќа не издаде посебно соопштение во врска со ова, но во распоредот за викендот што го испрати до медиумите, го прецизираше времето за средбата меѓу Трамп и Зеленски за недела во 15 часот, пренесува „Њујорк тајмс“.
Повеќе детали не се соопштени. Зеленски овој состанок го најави вчера на социјалните мрежи.
Тој рече дека во таа пригода ќе претстави нов план од 20 точки за завршување на војната, кој вклучува предлог за демилитаризирана зона, а главен фокус на средбата ќе бидат безбедносните гаранции за Украина.
Свет
Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати
Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од балистички ракети. Русија лансираше повеќе хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ врз украинскиот главен град. Во нападот, најмалку 11 лица беа повредени, пишува „Киев Индепендент“.
Речиси една третина од украинскиот главен град е без греење, а во некои делови од Киев нема електрична енергија.
Kyiv is dying – just a few hundred kilometers from the NATO border.
All because Europe is led by the most cowardly and stupid politicians like Merz, Macron, Starmer, Meloni, and Tusk. pic.twitter.com/GqvmYbCwMf
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) December 27, 2025

