Свет
Иранскотo разузнавање осомничено за напади на поединци во Данска

Данската полиција објави дека иранските разузнавачки служби се осомничени за обид за напад врз лица во Данска, додавајќи дека на 21 октомври бил уапсен еден норвешки државјанин со иранско потекло , пренесува „Спутник“.
Целта на наводниот напад бил лидерот на данскиот огранок на Арапското движење за борба за ослободување на Ахваз (АСМЛА), информираше Фин Борх Андерсен, шеф на безбедносната служба на Данска.
Коментирајќи ја ситуацијата, данскиот министер за надворешни работи, Андерс Самуелсен, изјави дека земјата ќе одговори на наводниот ирански напад. Во исто време, норвешката полиција изјави дека им помагала на своите дански колегиво врска со случајот.
Арапското движење за борба за ослободување на Ахваз е наводно одговорно за смртоносниот напад за време на воената парада во провинцијата Кузестан во Иран, при што загинаа 25 лица, вклучувајќи еден новинар и десетина припадници на Исламската револуционерна гарда.
Реагирајќи на нападот, Иран во септемвриги повика амбасадорите на Обединетото Кралство, Холандија и Данска, обвинувајќи ги за засолнување на иранските опозициски групи, мислејќи притоа на Патриотското арапско демократско движење во Ахваз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик се огласи по пресудата

Милорад Додик, по пресудата, со која беше прогласен за виновен, изјави дека нема причина за загриженост.
„Мора да бидеме весели. Една година сум осуден на нивните с****, на нивниот затвор. Тие велат дека сум виновен, а сега луѓето тука ќе објаснуваат зошто не сум виновен“, рече Додик пред Народното собрание во Бања Лука.
„Значи, нема причина за грижа, научив да се справувам со потешки работи, па ќе го надминеме и ова. Важно ми е да сте тука и да ме поддржувате“, рече Додик.
Судот на Босна и Херцеговина денеска донесе првостепена пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција како претседател на РС.
Регион
Додик осуден на една година затвор

Судот на Босна и Херцеговина денеска донесе првостепена пресуда против претседателот на ентитетот Република Српска (РС), Милорад Додик, со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење службена или политичка функција.
Станува збор за првостепена пресуда, која засега не е правосилна, а таква ќе стане кога и одбраната и Обвинителството ќе поднесат жалби и конечната одлука ќе ја донесе второстепениот совет на судот на БиХ. Второстепената пресуда треба да биде изречена до крајот на оваа година.
Ако правосилната пресуда е иста како првостепената, тоа значи дека Додик нема да може да извршува никаква официјална или политичка функција во наредните шест години.
Кога станува збор за директорот на „Службен весник на Република Српска“, Милош Лукиќ, тој беше ослободен од сите обвиненија.
Во 2023 година Националното собрание на РС усвои закон според кој одлуките на високиот претставник во БиХ,нема да се објавуваат во „Службен весник на РС“, ниту ќе се спроведуваат во тој ентитет. Набргу потоа, високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, го поништи законот, но Милорад Додик потпиша указ за прогласување на законот.
Во меѓувреме, високиот претставник го измени и Кривичниот законик на БиХ, со што неуспехот во спроведувањето на одлуките на високиот претставник стана кривично дело. Обвинителството поднесе обвинение против Додик и директорот на „Службен весник на Република Српска“, Милош Лукиќ.
Свет
Претседателот на Колумбија: Зеленски дозволи да го манипулираат Западноевропејците

Колумбискиот претседател го критикува планот на Украина да го потпише договорот за минералите со Соединетите Американски Држави нарекувајќи го тоа глупост на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавува „Анадолија“.
„Глупоста на Зеленски, јасно го кажувам ова, е тоа што дозволи да биде манипулиран од Западноевропејците, кои не знаат каде одат – кон Хитлер или кон ништо. Тие се борат со своите браќа Словени и на крајот им ја даваат Украина на Американците. Глупост“, напиша Густаво Петро на мрежата „Икс“ со веста за потенцијален договор меѓу Киев и Вашингтон.
La estupidez de Zelensky, y lo digo con todas las letras, por dejarse manipular por los europeos occidentales, que no saben para donde van, si hacia Hitler, o hacia nada; pelean con su hermanos eslavos y termina regalando Ucrania a los norteamericanos.
!Estupidez! https://t.co/5kxNdlesyV
— Gustavo Petro (@petrogustavo) February 26, 2025
На 3 февруари американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека е заинтересиран за ретки минерали од Украина. Тој додаде дека војната во Украина мора да заврши и дека САД мора да добијат нешто за возврат доколку продолжат да му помагаат на Киев.
Вчера, тој рече дека слушнал оти Зеленски ќе дојде в петок. Тој посочи дека е отворен за состаноци додека траат преговорите. „Слушнав дека доаѓа в петок. Секако, добро е ако сака да потпише. Разбирам дека тоа е голема, многу голема работа“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.