Свет
Иран бара доказ за обвиненијата дека стои зад нападите врз „Арамко“ во Саудиска Арабија
Коментирајќи ја неодамнешната презентација на Саудиска Арабија на наводни докази дека Техеран стои зад неодамнешниот напад врз саудиските нафтени постројки, иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека треба лично да го видат и т.н. доказ, пренесува иранскиот радиодифузер „Ал Алам“.
Ден претходно саудиското Министерство за одбрана организира прес-конференција, на која беа прикажани, како што тврдат од Министерството, иранска крстосувачка ракета и беспилотни летала „делта винг“.
„Што се однесува до нападот врз нафтените постројки на „Арамко“, ако тие имаат вистински доказ за соучесништвото на Иран, нека го покажат“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави, за „Ал Алам“.
Минатата сабота „Арамко“ мораше да затвори два свои објекта кога беа погодени од беспилотни летала, а потоа во нив избувна пожар. Инцидентот доведе до намалување на производството на нафта на 5,7 милиони барели на ден – околу половина од дневното производство на нафта во Саудиска Арабија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

