Свет
Иран ги предупреди САД дека нивните бази и носачи на авиони му се на досег
Kомандантот на Иранската револуционерна гарда го избра Денот на благодарноста за да ги предупреди американските бази во Авганистан, Обединетите Арапски Емирати и во Катар, како и носачите на авиони на САД во Заливот, дека се во досегот на иранските ракети, пренесува „Брејтбарт“.
Амирали Хаџизаде, шеф на воздухопловната дивизија на Револуционерната гарда, во четвртокот изјави дека иранските проектили се подготвени да одговорат ако САД користат воена сила против Техеран. Тој ги посочи американските бази и носачи на авиони како можни цели именувајќи ги воздухопловната база „Ал Удеид“ во Катар, „Ал Дифра“ во ОАЕ и „Кандахар“ во Авганистан, во кои се наоѓаат силите на САД.
„Тие ни се на дофат и можеме да ги нападнеме ако Американците направат потег. Нашите проектили копно- море имаат опсег од 450 милји, а американските носачи на авиони ни се цели“, рече тој.
Иран вели дека неговата ракетна програма е дефанзивна, но се закани дека ќе ги прекине испораките на нафта преку Ормудската теснина во Персискиот Залив ако има каква било закана од САД за неговата трговија со нафта.
Минатиот месец американскиот државен секретар, Мајк Помпео, го отфрли тврдењето на Иран да ги контролира транспортните рути во Персискиот Залив. Тој вети дека САД ќе продолжат да ја штитат слободата на навигација на овие меѓународни патишта. Американскиот секретар за одбрана, Џим Матис, исто така јасно стави до знаење дека на Иран нема да му се дозволи да се меша во меѓународниот транспорт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.
Свет
(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи
Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб.
BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport.
Evacuations are underway at the airport. pic.twitter.com/kjEwqD5Vyl
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Ирански дрон го погоди и хотелот со пет ѕвездички Бурџ Ал Араб во Дубаи. Хотелот, кој е висок 321 метар и има 60 ката, се наоѓа на вештачки остров во Обединетите Арапски Емирати.
BREAKING: Iranian drone hit the five-star Burj Al Arab hotel in Dubai, UAE.
The 321-meter, 60-story tower stands on an artificial island. pic.twitter.com/SZaJrAUq3n
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Бурџ Ал Араб е еден од најпрепознатливите хотели во светот и симбол на луксузот на Дубаи. Отворен во 1999 година, изграден е на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и поврзан со копното со приватен мост. Висок е 321 метар и има 60 ката, а неговиот архитектонски дизајн наликува на едро.
Breaking News 🚨
Iran strikes renowned Burj Al-Arab hotel in Dubai, UAE. pic.twitter.com/3oqGa579Kw
— Dost Afridi (@DostAfridi_10) February 28, 2026
Хотелот често се опишува како „хотел со седум ѕвездички“, иако официјално има пет, и е познат по своите ексклузивни апартмани на два ката, приватни батлери и хелиодромот на врвот од зградата, кој стана место за бројни промотивни настани и спортски спектакли.

