Свет
Иран: Израелците нападнаa од ирачкиот воздушен простор, тоа значи дека Американците се соучесници во злосторството
Израелски воени авиони го нападнаа Иран од ирачкиот воздушен простор, објави иранската мисија во ОН, која ги обвини САД за соучесништво.
„Ирачкиот воздушен простор е под окупација, команда и контрола на американската војска“, објави иранската мисија на ОН на социјалните мрежи, заклучувајќи дека учеството на САД во, како што велат, ова злосторство е сигурно, а нападот бил извршен од позиција на околку 70 километри од иранската граница.
1. The Zionist regime’s warplanes attacked several Iranian military and radar sites from Iraqi airspace, approximately 70 miles from Iran’s border.
2. Iraqi airspace is under the occupation, command and control of the U.S. military.
Conclusion: The U.S. complicity in this crime…
— I.R.IRAN Mission to UN, NY (@Iran_UN) October 26, 2024
Во објава на апликацијата за пораки Телеграм, новинската агенција „Тасним“ објави дека иранскиот систем за противвоздушна одбрана спречил израелски авиони да влезат во неговиот воздушен простор, повикувајќи се на командата на вооружените сили на земјата.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, претходно изјави дека неговата земја е решена да се брани откако израелските напади погодија воени цели во Иран рано утринава.
Во интервјуто што го објави АФП, Арагчи рече: „Мислам дека покажавме дека нашата решеност да се браниме нема граници“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Америка ќе влезе во нова светска војна доколку победи Камала Харис
Поранешниот американски претседател и претседателски кандидат на Републиканската партија на претстојните избори во Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека актуелниот американски потпретседател и неговата ривалка од Демократската партија, Камала Харис, ќе ги воведат САД во нова светска војна доколку таа победува на изборите на 5 ноември, пренесува агенцијата „Анадолија“.
Во рамки на предизборната кампања, Трамп синоќа зборуваше на митинг во државата Пенсилванија. Трамп ја оцени неговата ривалка Харис како недоволно способна да се справи со лидерите како рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг на политичката сцена.
Посочувајќи дека светот никогаш не бил толку блиску до глобална војна, Трамп вети дека оваа војна нема да се случи доколку тој повторно стане претседател на САД.
„Да се стави Камала Харис за претседател значи да се коцка со животите на милиони луѓе. Харис дефинитивно ќе не одведе во Трета светска војна бидејќи е премногу неспособна за да си ја врши работата правилно“, рече Трамп.
Свет
Пешак загина во сообраќајна несреќа кај Батинци
Осумдесет и тригодишен пешак од селото Батинци, Скопско загина во сообраќајна несреќа, по удар на автомобил.
Несреќата се случила на крстосницата од регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак со улицата „1“ во селото Батинци. Починатиот е маж со иницијали Ф.И., а автомобилот со кој бил удрен го управувал 33-годишник од селото Цветово (А.С.), објави полицијата.
Пешакот загинал од здобиените повреди, а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Со телесни повреди се здобил и возачот на автомобилот.
Извршен е увид.
Свет
(Видео) Камион намерно се заби во автобуска станица во Израел, десетици повредени
Десетици луѓе се повредени кога камион влета во автобуска станица во централен Израел, соопштија израелските спасувачи.
Портпаролот на израелските полициски сили изјави дека прелиминарната истрага покажала дека камионот удрил во автобуска станица каде што чекале патници и автобус кој бил во близина.
Возачот бил застрелан и неутрализиран, соопшти полицијата. Околностите на несреќата се’ уште се истражуваат, но според информациите од полицијата се работи за намерен напад.
MDA EMTs and Paramedics are treating and evacuating 10 injured people to Beilinson and Ichilov hospitals. Among the injured: 4 in serious condition, 2 in moderate condition, and 4 in mild condition. MDA teams are also treating multiple other casualties on-site. Updates to follow. pic.twitter.com/nGGv5Q3AcN
— Magen David Adom (@Mdais) October 27, 2024
Израелската итна медицинска помош „Маген Дејвид Адом“ соопшти дека била повикана на настан со масовни жртви и дека најмалку 35 лица се повредени.
At 10:08 AM, a report was received in MDA’s 101 Emergency Call Center in the Yarkon Region of a truck hitting a bus stop on Aharon Yariv Boulevard in Ramat Hasharon. MDA EMTs and Paramedics are currently providing medical treatment on site to dozens of casualties pic.twitter.com/ZRuglrvwtH
— Magen David Adom (@Mdais) October 27, 2024
На лице место лекуваат десетици лица, од кои најмалку четворица се со тешки повреди. Станицата се наоѓа на излезот од воената база во Рамат Ашарон, во централен Израел. Според снимките на израелската телевизија, голем број возила на брзата помош биле на местото на настанот, како и полициски персонал и најмалку еден хеликоптер.
Во минатото имало напади од Палестинци со автомобили или камиони во Израел.