Свет
Иран може да изврши сајбер-напади врз САД
САД се подготвуваат за сајбер-нападите кои Иран може да ги изведе во знак на одмазда поради санкциите кои во земјата оваа недела ги врати американскиот претседател Доналд Трамп, предупредуваат експерти во сајбер-безбедноста и разузнавањето.
Од мај оваа година, кога Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран, постои зголемена загриженост за можните сајбер-напади од Иран, објави АП.
Иран негира дека ги користи своите капацитети за офанзивни цели и ги обвинува САД за нападите врз Иран, објави АП.
Сепак, сајбер-безбедносната компанија „Рекордед фјучр“ вели дека забележала зголемување на бројот на неформални разговори во врска со заканувачките активности на Иран во текот на изминатите неколку недели.
Поранешниот директор за прашања од Иран во Канцеларијата на директорот на американската разузнувачка служба, Норм Рул, кажа дека постои голема шанса Иран да се одмазди во сајбер-просторот.
Првиот сет на американските санкции против Иран, кои се олеснети по постигнувањето на нуклеарниот договор со Техеран, стапи во сила денес и тие се однесуваат на финансиските трансакции во долари, иранската автомобилската индустрија, како и купување комерцијални авиони и метали, вклучувајќи и злато.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

