Свет
Иран се закани со напади врз САД и Израел: „Ќе удриме со сила каква што не доживеале“, Трамп одговори
Началникот на иранската служба за безбедност, Ари Ларјани, изјави дека Иран ќе ги нападне САД и Израел „со сила каква што никогаш претходно не доживеале“.
„Вчера Иран испали ракети кон САД и Израел и тие нанесоа штета. Денес ќе ги удриме со сила каква што никогаш досега не доживеале“, објави Ларијани на социјалната мрежа Икс.
YESTERDAY IRAN FIRED MISSILES AT THE UNITED STATES AND ISRAEL, AND THEY DID HURT. TODAY WE WILL HIT THEM WITH A FORCE THAT THEY HAVE NEVER EXPERIENCED BEFORE.
— Ali Larijani | علی لاریجانی (@alilarijani_ir) March 1, 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп одговори со предупредување преку социјалните мрежи, наведувајќи дека ако Иран нападне посилно од кога било, САД ќе возвратат „со сила каква што никогаш не виделе“.
Откако претходно објави дека во американско-израелските напади бил убиен врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, Трамп оцени дека тоа претставува правда и порача дека Иран има најголема шанса да си ја врати земјата.
Тој додаде дека, според негови информации, дел од припадниците на Иранската револуционерна гарда и безбедносните структури не сакаат повеќе да се борат и побараа имунитет, предупредувајќи дека во спротивно ќе се соочат со смрт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

