Свет
Иран се подготвува да се судри со Израел во Сирија преку Хезболах
Иран можеби се подготвува за конфликт со Израел во Сирија и веќе нема да толерира израелски воздушни напади врз своите магацини без реакција, се вели во извештајот објавен викендов, пренесува „Џерусалем пост“.
Новинарот Елаја Магниет објави статија на веб-страницата „Медиум“ за тоа дали големата блискоисточна војна ќе почне во Левант и ја наведе Сирија како потенцијален епицентар.
Извештајот на Магниер е интересен затоа што тврди дека Иран ги евакуира местата на собири на своите советници, но не за повлекување или за прераспоредување, туку да најде бази во касарните на сириската армија. Хезболах ги презеде испразнетите ирански згради. Русија е информирана за промената, така што информациите сигурно стигнале до Израел.
Во средината на мај се појавија извештаи дека Иран би можел да повлече дел од своите сили од Сирија, проценети на околу 1.000 припадници на ИРГЦ. Но, аналитичарите и американските официјални претставници во тоа време ја отфрлија оваа процена. Магние дава друг аспект за тоа што може да се случи: „Иран повеќе не сака да толерира израелски штрајкови на своите магацини без никаква реакција“, вели тој.
Иранското радио „Фарда“ викендот извести за воздушен напад во кој биле убиени девет војници од силите поддржани од Иран во Сирија. Овој извештај наведува и дека имало експлозии во близина на Масјаф, објект на сирискиот режим и на Иран.
Друга воздушен напад, за кој е обвинет Израел, бил пријавена вчераутро. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека осум бојни глави лансирани од неидентификувани беспилотни летала удриле во близина на Деир ез-Зор. Целта биле авганистански и ирачки шиитски милиции во базата „Мезилех“.
„Иран ги премести своите советници во бази на сирискиот режим за да ги заштити од воздушните напади на кои сирискиот режим би одговорил и ова, најверојатно, ќе ги одвлече САД во битка за да го поддржат својот сојузник Израел и да имаат влијание врз претстојните избори“, напиша Маниер.
Русија игра клучна улога затоа што се координира со Израел, напиша тој.
„Беше договорено меѓу Израел и Русија дека Москва и воздушната база на Русија во „Хмеимим“ ќе бидат информирани за деталите за секој напад. Според тоа, Русија игра посредник, а не дел од оската на отпорот на Иран и им кажува на своите сојузници од сирискиот режим што се случува.
„Русија ги извести израелските водачи за овој потег на иранските советници и за нивното присуство меѓу единиците на сириската армија. Русија го предупреди Израел никако да не ја нападне сириската армија и ги извести дека иранските бази му се предадени на Хезболах“, напиша Маниер.
Написот на Магние има поголема поента. Хезболах сериозно го сфаќа убиството на своите борци.
„Израелските беспилотни летала се осигуруваат дека на овие локации нема ирански советници и дека руското предупредување стигнало до засегнатите да го евакуираат човечкиот персонал… Израел ја следи истата практика кога ги напаѓа автомобилите или камионите на Хезболах, однапред предупредувајќи ги возачите и патниците“, вели тој.
Предупредувачките проектили се лансирани, се вели во извештајот. Но, по инцидентот во Бејрут во август 2019 година, во кој беа вклучени беспилотни летала, Хезболах се обиде да се одмазди. Хезболах складира ракети и прецизни насочувачи, беспилотни летала, антибродски ракети со долг дострел и друга муниција, напиша Магние.
Хезболах верува дека има средства за спречување и нови правила на ангажман, кои ги штитат неговите луѓе во Сирија. Сепак, војните може да почнат по грешка, заклучува статијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Орбан врши притисок, ЈАНАФ возвраќа: Снабдување има, но само според санкциите на ЕУ и САД
Откако унгарскиот премиер Виктор Орбан го заостри притисокот врз Хрватска поради транспортот на руска нафта кон Унгарија, Европската комисија порача дека за спроведувањето на санкциите се одговорни земјите членки. Набргу потоа се огласи и Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ), кој ги отфрли ултиматумите и порача дека работи во согласност со правилата на Европската унија и Соединетите Американски Држави.
МОЛ вчера побара од ЈАНАФ гаранција дека ќе овозможи транспорт на руска сурова нафта што не е под санкции и која во Унгарија пристигнува по морски пат, со предупредување дека во спротивно ќе бара правна и финансиска одговорност. Европската комисија денеска соопшти дека спроведувањето на санкциите е во надлежност на земјите членки, пишува „Индекс.хр“.
ЈАНАФ: Одлуките не се носат под притисок
Реагирајќи на ултиматумот, од ЈАНАФ порачаа дека разговорите меѓу партнери и сојузници се водат „пристојно, аргументирано и врз основа на факти“.
„Во врска со ултиматумите упатени до ЈАНАФ, сметаме дека е важно да се соопшти дека разговорите меѓу партнери и сојузници се водат пристојно, аргументирано и врз основа на факти“, наведуваат тие.
Истакнуваат дека ЈАНАФ работи одговорно и целосно во согласност со важечките санкциски режими на Европската унија и Соединетите Американски Држави.
„Безбедноста на снабдувањето на Унгарија и Словачка не е загрозена. Рутата преку ЈАНАФ постои, веќе се користи и има доволни капацитети да ги покрие нивните потреби за нафта. Тоа го потврдува и самата Унгарија, која денес бара целосен транспорт преку ЈАНАФ, иако неодамна неосновано тврдеше дека таков капацитет не постои“, соопштуваат од компанијата.
Додаваат дека минатата и оваа недела за унгарскиот МОЛ веќе се транспортирани значителни количини нафта што не се опфатени со санкциски ограничувања, како и дека до почетокот на април се очекуваат уште седум танкери за истиот корисник на нафтоводниот систем на ЈАНАФ.
Снабдување можно, но со строга примена на санкциите
„Хрватската енергетска инфраструктура е подготвена, сигурна и достапна за снабдување што е усогласено со правилата на ЕУ и OFAC“, наведуваат од ЈАНАФ.
Како пример ја наведуваат снабдувањето на српската компанија НИС, каде партнерите, како што посочуваат, заеднички ги исполнуваат строгите санкциски критериуми за да обезбедат потребни продолжувања и континуитет на снабдувањето во рамки на важечките правила.
Во тој контекст очекуваат одлуките за набавка и транспорт кон Унгарија и Словачка да се носат врз основа на законитост и усогласеност со санкциите, а не под притисоци или ултиматуми.
„Доколку постојат барања што се однесуваат на нафта од руско потекло или на субјекти поврзани со Русија, тие можат да се разгледуваат исклучиво во строгата рамка на санкциските критериуми на ЕУ и OFAC, со целосна правна проверка, јасна одговорност и максимална транспарентност“, наведуваат.
Во заклучокот истакнуваат дека Хрватска не одбива снабдување ниту ја политизира енергијата. „Хрватска и ЈАНАФ овозможуваат снабдување во согласност со прописите, доследно применувајќи ги санкциите на ЕУ и САД“, наведуваат тие.
Комисијата: Земјите членки одлучуваат за спроведувањето на санкциите
Портпаролката на Европската комисија, Ана-Каиса Итконен, претходно изјави дека за спроведувањето и примената на санкциите се одговорни земјите членки. „Основното начело е дека за спроведувањето и примената на санкциите се одговорни земјите членки“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали Хрватска може да испорачува руска нафта преку ЈАНАФ.
Европската унија во јуни 2022 година, во рамки на шестиот пакет санкции, го забрани увозот на руска нафта по морски пат. Унгарија, Словачка и Чешка добија привремено изземање како земји без излез на море, во случај испораката преку нафтовод да не е можна.
Нафтоводот „Дружба“ беше оштетен кон крајот на јануари во руски напад со дронови, по што дотокот на нафта беше прекинат, а спорот околу алтернативните рути дополнително се заостри.
Свет
Сè потензично меѓу Словачка и Украина: Зеленски и Фицо разговарале за руската нафта
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и словачкиот премиер Роберт Фицо телефонски разговараа во услови на зголемени тензии поради прекинот на испораката на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој минува низ Украина.
Од кабинетот на Зеленски соопштија дека претседателот го поканил Фицо во Украина за да разговараат за сите отворени прашања.
Словачка и Унгарија го обвинуваат Киев за одолговлекување со повторното пуштање во работа на нафтоводот, чиј дел во Украина беше оштетен во руски напади во јануари. Тие тврдат дека е поправен, но Зеленски посочи дека работите сè уште не се завршени и ја повика Будимпешта да разговара со Москва, која, според него, повеќепати го бомбардирала нафтоводот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека со Фицо формирале заедничка истражна комисија и побара Украина да дозволи унгарски и словачки инспектори да влезат во земјата. Во меѓувреме, Орбан го блокира заемот од 90 милијарди евра од Европската унија за Украина и нови санкции против Москва, сè додека не продолжат испораките преку „Дружба“.
Свет
Врховниот суд на Израел ја стопира владината забрана за хуманитарните организации во Газа
Израелскиот Врховен суд привремено ја блокира одлуката на владата со која на 37. меѓународни хуманитарни организации, меѓу кои и „Лекари без граници“ и Норвешкиот совет за бегалци, им беше наложено да го прекинат работењето во Газа и на Западниот Брег, освен ако не ги прифатат новите услови, вклучително и доставување список на палестински персонал.
Седумнаесет здруженија пред шест дена побараа од судот итно укинување на одлуката, предупредувајќи на тешки хуманитарни последици.
Со привремената одлука на судот, организациите ќе можат да продолжат со поголемиот дел од активностите додека не се донесе конечна пресуда. Израелските власти тврдат дека мерката е неопходна за да се спречи злоупотреба на хуманитарната помош од палестински вооружени групи.

