Свет
Иран уапси австралиска блогерска двојка, снимале со дрон без дозвола
Објавени се имињата на двајца австралиски државјани кои беа уапсени пред десетина недели во иранската престолнина Техеран и однесени во злогласниот затвор Евин. Тоа се Марк Фиркин и Џоли Кинг, кои исто така имаат британско државјанство, пренесува „Гардијан“. Двајцата тргнаа од Перт во 2017 година за да го пропатуваат светот.
Покрај нив двајца, во озлогласениот ирански затвор се наоѓа уште една Австралијка, која беше уапсена минатата година и осудена на десет години затвор. Австралиските власти објавија дека преговараат со Иран за ослободување на тројцата нивни државјани.
Уредникот на ТВ Маното, Пурија Зераити, на Твитер напиша дека извор му рекол дека биле уапсени бидејќи користеле дрон близу Техеран. Во претходните извештаи се вели дека тие кампувале во близина на воената зона Јајрод, близу Техеран.
Двојката пишувала и известувала за своите патувања на социјалните медиуми „Јутјуб“ и „Инстаграм“, а десетици видеа и фотографии покажуваат дека тие користеле дрон.
„Семејството тврди дека станува збор за недоразбирање и дека Џоли Кинг и нејзиниот свршеник Марк Фиркин не знаеле за иранскиот закон дека не можат да користат беспилотно летало ако ја немаат потребната лиценца“, рече Зераити.
Тој додаде дека сè уште не им било судено и дека сè уште не е познато што планираат да направат иранските власти со нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелски министер: Мамдани е поддржувач на Хамас, ова е срамота
Социјалистот Зохран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк на локалните избори.
Израелската влада официјално не го коментираше неговиот избор, но веста предизвика жестоки реакции од десничарските политичари и повици Евреите од Њујорк да се преселат во Израел.
Министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир рече дека изборот на Мамдани е „срам што ќе се памети засекогаш“, нарекувајќи го новиот градоначалник „поддржувач на Хамас, отворен антисемит и непријател на Израел“.
Поранешниот израелски амбасадор во ОН и САД, Гилад Ердан, напиша на X дека „противник на Израел, кој нè гледа како геноцидна држава на апартхејдот, сега го води најважниот град во светот, дом на најголемата еврејска заедница надвор од Израел“.
Тој додаде дека тоа е „темен ден“ за секој што ја разбира „важноста на сојузот со Соединетите Американски Држави“.
Поранешниот министер за одбрана и надворешни работи, Авигдор Либерман, напиша на X: „Големото јаболко падна“, нарекувајќи го Мамдани „лицето на тивкиот џихад“. Тој ги повика Евреите од Њујорк „кои го ценат животот“ да се преселат „таму каде што припаѓаат – во Земјата Израел“.
Фото:ЕПА
Свет
(Видео) Зохран Мамдани, новиот градоначалник на Њујорк, прослави со боливудски хит
Прославата на победата на Зохраб Мамдани на изборите за градоначалник на Њујорк имаше неочекуван саундтрак – популарната боливудска песна „Дум Мачале“ одекнуваше низ салата додека новиот градоначалник го славеше историскиот момент, објавува „Хиндустан тајмс“.
На 34-годишна возраст, Мамдани влезе во историјата станувајќи не само првиот муслимански градоначалник на Њујорк, туку и најмладата личност избрана на функцијата во последните сто години.
Mamdani ended his speech with Dhoom Machale 😭😫 pic.twitter.com/21TBjSbk26
— L (@rebrandthisshi) November 5, 2025
Демократскиот социјалист победи со прогресивна програма, поразувајќи го поранешниот гувернер Ендру Куомо и републиканецот Кертис Слива.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Маж несоодветно ја допрe претседателката на Мексико среде улица
Додека претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, разговараше со граѓани во Мексико Сити, еден маж ненадејно помина зад неа, се обиде да ја бакне во образ и накратко ја допре.
Обезбедувањето веднаш реагираше и го тргна човекот.
На снимката се слуша како Шејнбаум мирно вели „Не грижете се“, додека го одбива напаѓачот и продолжува да се насмевнува.
Шејнбаум често влегува меѓу народот, се ракува и фотографира со граѓани — исто како и нејзиниот претходник Андрес Мануел Лопез Обрадор.

