Свет
Исламабад вели дека нема терористички кампови во Пакистан на локациите посочени од Индија
Категорично негирајќи го присуството на какви било терористички логори, Министерството за надворешни работи на Пакистан изјави денеска дека темелно го испитале целото досие за терористичкиот напад во Пулвама и не нашле никакви докази за терористички логори на локациите споменати од Индија, ниту кое било од лицата споменати во досието што би можеле да бидат поврзани со наведениот напад, пренесува „Спутник“.
„Во текот на истрагата сите аспекти на информациите обезбедени од Индија беа темелно испитани вклучувајќи ги и видеозаписот на кој Адил Дар презема одговорност за нападот, броевите на ‘Вацап’ и ‘Телеграм’ користени за споделување видеа и пораки за поддршка на нападот во Пулвама, листата со 90 лица осомничени дека припаѓаат на посочената организација и 22 локации за наводни кампови за обука“, објави во петокот пакистанското МНР.
На 27 февруари Индија сподели досие поврзано со милитантниот напад во Пулвама, во кој на 14 февруари загинаа најмалку 14 индиски војници. Пакистанското МНР соопшти дека формирало истражен тим, притворило повеќе лица за истрагата и почнало да работи на техничките аспекти на содржините на социјалните мрежи врз основа на индискиот документ.
„Иако се испитани 54 притворени лица, досега не е откриен ниту еден детаљ што ги поврзува со Пулвама. Испитани се и 22 локации споделени од Индија и утврдено е дека не постојат такви кампови. Пакистан е подготвен да дозволи посети на барање до овие локации“, додаде Министерството за надворешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

